ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Забрчанец: Додека ние сме на автопатот, тие се во мрачните тунели, застапувам промена во јавниот наратив

June 16, 2021 12:25
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

– Начинот на којшто е дефинирана оваа дебата, поточно насловот, ме инспирираше да презентирам идеи кои за нијанса се можеби различни од она што е вообичаен наратив и сме навикнале да го слушаме кога зборуваме за хибридни закани, дезинформации и лажни вести. Конечно гледам една проактивност, односно едно големо ЗА, наспроти едно помало против, рече националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, на денешниот настан „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“, организиран од ЦИВИЛ.

Забрчанец истакна дека предолго сме заглавени во справување со дезинформациите како негативни појави и влијанија, а помалку подзаборавивме на тоа кои се работите коишто треба да ги промовираме.

„Конечнио, во насловот од денешната дискусија видов дека зборуваме за Автопат на одговорност, отчетност, одговорно комуницирање и пласирање на факти и информации, наспроти оние мрачни тунели по кои се создаваат и шират лажните вести, коишто имаат намера да предизвикаат штета врз вредностите и притоа стануваат дезинформации.“, вели Забрчанец.

Тој информира дека НАТО во своите последни јавни определби по однос на стратешките комуникации ја дефинира својата улога визави дезинформациите:

„Ние не сме препознаени, или не сакаме да бидеме препознаени по она против што се бориме, туку по она за што се залагаме, односно по она што го промовираме“, се определбите на НАТО.

Националниот координатор, потенцира дека токму тоа е и неговата теза денеска – општествените чинители коишто презеле одговорност и си зацртале улога дека ќе промовираат прогрес, факти, информации, напредок, соживот, дијалог и разбирање. Мора многу повеќе да вложуваат во каузите ЗА, отколку во борбата против, вели Забрчанец.

Тој додава дека некогаш тоа е можеби едно исто, меѓутоа секогаш кога зборуваме за борба против, справување, одбрана и борба СО, во суштина тоа е начин на дејствување кој многу повеќе заплашува широка јавност, отколу што охрабрува широка јавност во проактивно и прогресивно дејствување.

„Предолго зборуваме за борба против дезинформации и справување со лажни вести, за одбрана од хибридни напади, а некако подзаборавивме на она што е нашата демократска агенда, она за што сме се бореле заедно и по улиците. Сега сите ние што се бориме за демократските вредности треба да обрнеме поголемо внимание на она ЗА – за да охрабруваме, за да мотивираме, за да иницираме, за да ги охрабриме граѓаните да се приклучат на Автопатот, како што велите, на одговорно комуницирање со јавноста, наспроти занимавањето со оние мрачни тунели коишто продуцираат и шират дезинформации со намера да предизвикаат штета врз општеството.“, нагласи Забрчанец.

Тој подвлече дека ова не смее да биде сфатено како обид дезинформациите и штетата што ја предизвикуваат да бидат преставени во помало светло, меѓутоа тие се тие што треба повеќе да се занимаваат со нас кои имаме јасна, отворена и прогресивна агенда.

„Затоа застапувам промена на играта во јавниот наратив и ќе се трудам да го зборувам ова што е можно почесто за да ги охрабрам сите чинители повеќе да зборуваат за промоција на нашите вредности, отколку за уважување на „моќта“ на дезинформациите. Ние сме на автопатот, тие се во мрачните тунели.“, потенцира националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, на денешниот настан организиран од ЦИВИЛ.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk