ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Азески потпиша две важни спогодби со турската и грчката бизнис асоцијација

June 17, 2021 08:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ставање во функција на Турско-македонски трговско-индустриски форум и Агенда за отворање нови перспективи во насока на зголемување на бизнис соработката со Грција, се првонајавените активности со кои ќе започне продлабочувањето на бизнис соработката на Стопанската комора на Северна Македонија со Турција и Грција.

За таа цел, потпишани се меморандуми за соработка од страна на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески со претседателот на Унијата на комори и стоковна размена на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу и со претседателот на Унијата на грчки комори и на Атинската комора за трговија и индустрии, Константинос Михалос.

– Стопанската комора на Северна Македонија и Унијата на комори и стоковна размена на Турција, во рамки на Турско-македонскиот трговско-индустриски форум, ќе работат на креирање заеднички иницијативи за подобрување на условите за инвестирање, на целокупната трговска соработка, како и на подобрување на инфраструктурната поврзаност меѓу двете земји, што ќе иницира и зголемување на економската соработка во пост-ковид периодот кој е пред нас, истакна Азески на виртуелното потпишување.

Вкупната трговска размена со Република Турција, во периодот јануари – април годинава изнесува 224 милиони американски долари што претставува раст од 42,3 проценти споредено со истиот период лани. Извозот евидентира раст од 72,7 проценти, а увозот 35,8 проценти. Во истиот период е остварен трговски дефицит од 128 милиони американски долари, а Турција е осми трговски партнер во надворешно-трговската размена на С. Македонија.

Од Стопанската комора на С. Македонија посочуваат дека меморандумот потпишан со грчката бизнис асоцијација само ја верификува и зајакнува досегашната долгогодишна соработка што ја имаат овие две бизнис асоцијации. Ќе се работи на креирање Агенда за отворање нови перспективи во насока на зголемување на трговската размена, зголемување на инвестициите и подобрување на условите за работа на бизнис заедниците од двете земји.

Азески на онлајн потпишувањето нагласи дека е чест да се соработува со најголемата деловна заедница од Грција.

–  Политичката иницијатива ги покажува своите резултати, и се отвораат се повеќе можности македонските бизнисмени да бидат активни во Грција, но исто така за очекување е соработка на бизнис асоцијациите и компаниите на проекти, како и споделување на нивните искуства во нашите ЕУ активности, рече Азески.

Вкупната трговска размена со Грција за периодот јануари – април годинава изнесува 292,2 милиони американски долари со раст од 27,9 проценти во однос на истиот период минатата година. Извозот евидентира раст од 17,27 проценти, додека увозот од 31,5 проценти. Трговски дефицит е 159,6 милиони американски долари, а Грција е четвртиот трговски партнер на Северна Македонија./МИА/.

Next Post

Заев од Софија: Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk