Од многубројните изјави и извештаи кои денеска „долетаа“ од Софија, по серијата средби на македонскиот премиер Зоран Заев со бугарскиот државен врв, може да се извлечат неколку важни поенти. Пред сè, направен е голем исчекор во македонско-бугарските односи. Македонските и бугарските делегации потврдија дека се цврсто определени за пријателство меѓу двете држави, за „заедничко, најблиско пријателство“! Понатаму, од двете страни на македонско-бугарските средби на највисоко ниво, соопштуваат дека работат и ќе работат на враќање на довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ.
Кога станавме членка на НАТО и ова беше војна која оние кои се обидуваа да нè спречат, ја изгубија, тие не губеа време, тие веднаш се свртеа кон другата цел – ЕУ, поткопувајќи го членството кон ЕУ и испраќајќи силна порака низ Балканот дека на западот не смее да му се верува. Видовме ехо во Белград, Приштина, Сараево па дури и Подгорица – дека во Северна Македонија, направија големи реформи, дојдоа до решение со Грција по 3 децении, влегоа во НАТО, но видете со ЕУ – тие не ги исполнија своите ветувања. Па, зошто би биле Белград и Приштина толку фокусирани на доаѓање до договор кога нема доверливост, вели Шекеринска.
Хрватска е наш голем пријател и стабилен партнер и хрватските власти и експерти континуирано ни даваат поддршка на секое поле, а тоа е пропратено со навистина многу блиски односи меѓу македонскиот и хрватскиот народ, објави на фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ, кој престојува во работна посета на Хрватска.
Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа, што се одржува во Анталија, Турција. Министрите заклучија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка.
Маричиќ кој е во работна посета на Република Хрватска, денеска ја посети Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК). Криминалот и корупцијата не познаваат граници и директно го попречуваат функционирањето на правната држава. Добрата регионална соработка е понекогаш клучна во успешна борбата против организираниот криминал, напиша министерот Маричиќ на својот фејсбук-профил.
М. Миткоска





