ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Голем македонско-бугарски исчекор, блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ креира вакуум што ја отвора вратата за старите сценарија кои ништо добро не му донеле на Балканот и на Европа

June 18, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Од многубројните изјави и извештаи кои денеска „долетаа“ од Софија, по серијата средби на македонскиот премиер Зоран Заев со бугарскиот државен врв, може да се извлечат неколку важни поенти. Пред сè, направен е голем исчекор во македонско-бугарските односи. Македонските и бугарските делегации потврдија дека се цврсто определени за пријателство меѓу двете држави, за „заедничко, најблиско пријателство“! Понатаму, од двете страни на македонско-бугарските средби на највисоко ниво, соопштуваат дека работат и ќе работат на враќање на довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Кога станавме членка на НАТО и ова беше војна која оние кои се обидуваа да нè спречат, ја изгубија, тие не губеа време, тие  веднаш се свртеа кон другата цел – ЕУ, поткопувајќи го членството кон ЕУ и испраќајќи силна порака низ Балканот дека на западот не смее да му се верува. Видовме ехо во Белград, Приштина, Сараево па дури и Подгорица – дека во Северна Македонија, направија големи реформи, дојдоа до решение со Грција по 3 децении, влегоа во НАТО, но видете со ЕУ – тие не ги исполнија своите ветувања. Па, зошто би биле Белград и Приштина толку фокусирани на  доаѓање до договор кога нема доверливост, вели Шекеринска.

Хрватска е наш голем пријател и стабилен партнер и хрватските власти и експерти континуирано ни даваат поддршка на секое поле, а тоа е пропратено со навистина многу блиски односи меѓу македонскиот и хрватскиот народ, објави на фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ, кој престојува во работна посета на Хрватска.

Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа, што се одржува во Анталија, Турција. Министрите заклучија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка.

Маричиќ кој е во работна посета на Република Хрватска, денеска ја посети Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК). Криминалот и корупцијата не познаваат граници и директно го попречуваат функционирањето на правната држава. Добрата регионална соработка е понекогаш клучна во успешна борбата против организираниот криминал, напиша министерот Маричиќ на својот фејсбук-профил.

М. Миткоска

Next Post

Заев: Иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk