Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека индискиот сој на Ковид-19 е потврден кај уште еден пациент во државата. Пациентот се лекувал во приватна болница, а неговата состојба е под контрола. Станува збор за колега на првооткриениот случај со овој мутиран сој кај нас кој беше регистриран на 7 јуни. И двајцата биле на работа во Ирак. Со истиот лет се вратиле во земјава, но кај вториот пациент симптоми се појавиле подоцна. Состојбата е под контрола и овој пациент не е ризик, изјави денеска Филипче
Ре/Макс е американска интернационална компанија за недвижности со повеќе од 6 илјади канцеларии ширум светот. Ре/Макс како една од најголемите, најреномирани и најуспешните компании, ќе го професионализираат пазарот со недвижнини во Северна Македонија и ќе воведат меѓународни стандарди во купувањето, продавањето и изнајмувањето на недвижности во нашата земја.
Екипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата. Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за економијата, за угостителите, за граѓаните, вели на прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ. И оваа година граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, оваа година изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари.
Денеска се регистрирани 4 нови случаи на Ковид 19. Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, како оздравени се регистрирани 68 пациенти, а починато е едно лице.
М. Миткоска







