Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на месецов јавно да бидат објавени сите постапки за субвенционирање на инвертерите.
Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека од страна на Владата се завршени сите постапки и оти во тек е дебатата за предложеното законско решение во Парламентот по што се очекува Електрани на Северна Македонија да почне кампања со која ќе ги информира граѓаните за деталите.
– Во моментот додека патував овде ме информираа дека собраниската Комисија во Парламентот дебатира за законското решение кое значи репорограм за да може да се алоцираат средства во Буџетот и да се пуштат кон општините. Со пуштањето на средствата кон општините, ЕЛЕМ сегашно ЕСМ ќе почне кампања за да може да ги информираме граѓаните каде да аплицираат, кој се може да аплицира….., рече Заев по означувањето на почетокот на градежните активности за проширување на булеварот „Никола Kарев“ познат како Пластичарска улица.
Според премиерот, се аплоцираат сериозни пари, а целта е тие да дадат вистински ефекти.