ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Диктатурата е подобра од демократијата?

June 21, 2021 19:16
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Читајќи го извештајот од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во поглавјето „Владеење на правото, владеење и социјална кохезија“ налетав на прашањето „Дали верувате дека демократијата е најдобра можна форма на владеење за вашата земја?“ Одговорите беа фрапантни!

Се разбира, ги имам предвид големите проблеми со анкетите и другите форми на мерење на пулсот на јавноста, односно јавното мнение за одредени теми. Насекаде во светот, па така и кај нас, дел од луѓето (анкетираните) не ја кажуваат вистината.

Но колку и да не ја кажуваат вистината, сепак, шокантни се резултатите од одговорите на прашањето за демократијата. Повеќепати се навраќав на слајдот од опширниот извештај на ИРИ, да проверам дали сум во право, но на крајот заклучив дека не ме лажат очите.

Според ИРИ, 51% од испитаниците велат дека демократијата е најдобра можна форма на владеење за нашата земја, но затоа 24% сметаат дека демократијата не е најдобра, туку дека постојат други форми на владеење кои би можеле да бидат подеднакво добри за нашата земја. На овие 24% им се придружуваат и 17% од испитаниците кои велат дека постојат други форми на владеење кои се подобри од демократијата! Дури 8% не знаеле или одбиле да одговорат на прашањето. Воздржаност во одговор на вакво прашање за базичните вредности, може да значи дека слободно можете да ги додадете тие 8% на овие 41% кои не веруваат во демократијата како форма на владеење.

Ако анкетата на ИРИ точно или барем делумно точно го отсликува ставот на населението, па дури и нека погреши 50% (што е, сепак, неверојатно), општеството има проблем. И не само ова, туку било кое општество во кое имате голем процент од населението кое верува дека демократијата не е најдобриот модел на владеење, па дури и дека има модели што се подобри.

Иако мнозинството од 51% верува дека демократијата е најдобра форма на владеење, искрено, не можам и не сакам да верувам дека има толку многу луѓе што не веруваат дека демократијата е најдобар начин на владеење. Можеби погрешно го сфатиле Черчил, кој своевремено ќе рече: „Демократијата е најлоша форма на владеење, освен сите останати што веќе биле испробани.“ Можеби не ја прочитале реченицата докрај…

Значи, скоро половина од луѓето (испитаниците) не веруваат во демократијата. Според нив, има и други форми на владеење кои се исто толку добри, па и подобри од неа. Дали автократијата, тоталитаризмот, демархијата или анархијата се подобри форми на владеење? Диктатура? Воена или полициска хунта? Можеби некој облик на теократија, емират, султанат, монархија?

Дали знаат луѓето што навистина претставува самиот поим демократија? Со неколку илјади невладини организации, неколку стотини медиуми, со педесетина активни политички партии, со универзитети, државни и приватни, илјадници училишта со илјадници професори, распослани низ целата земја… Како може да се дојде до ваква ситуација? Ова мене не ми значи ништо друго освен дека сите заедно сме неуспешни во нашата работа до таа мерка што треба сè да почнеме одново. Што е невозможно.

Ако ви е за утеха, не сме единственото општество во кое сомнежот во демократијата е широко распространет. Јаша Мунк, предавач на Харвард универзитетот вели дека „либералните демократии ширум светот се соочуваат со сериозен ризик на опаѓање“. Особено младите, поточно Милениумската генерација, драстично се разликува по своите ставови од постарите генерации. На прашањето дали воен удар би бил прифатлив за да се справат државите во кои владата не ја врши својата работа, 53% од постарите генерации во Европа сметаат дека таков чекор би бил нелегитимен, но само 36% од младите се противат на идејата за воен режим.

Од друга страна, автократските режими меѓусебно се поврзуваат, се поддржуваат и ја промовираат недемократската форма на владеење преку систематски и богато финансирани пропагандни и разузнавачки операции. Назадниот, крајно десничарски популизам е едно од нивните главни оружја.

Треба да се замислиме врз овие прашања. Навистина, Бертранд Расел кажал дека „во демократијата, будалите имаат право да гласаат, а во диктатурата, будалите имаат право да владеат“, но со вакво незнаење можеме да очекуваме само дека „будалите“ очекуваат да владеат само „будалите“ и никој друг. Да бев религиозен, ќе речев, господ нека ни е напомош.

 


Creative Commons 4.0

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев и Руте заедно ги бодрат македонските и холандските фудбалери во Амстердам

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk