ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Лажна вест е дека нема пасоши и лични карти, УЕФА не дозволува Алијанц Арената да се обои во боите на виножитото, нето-платата поголема за 10 проценти од минатата година

June 22, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Класична дезинформација на ВМРО-ДПМНЕ и неуспешен обид да внесе вознемиреност меѓу граѓаните е информацијата дека нема пасоши и лични карти. Како што објави и Министерството за внатрешни работи, патни исправи од сите типови има во доволен број и се одговара на сите барања на граѓаните.

ЦИВИЛ го интензивира долгорочниот мониторинг на изборниот процес во пресрет на локалните избори, предвидени за октомври годинава. Мониторингот ги опфаќа партиските и пропагандните активности, Државната изборна комисија, политичкото финансирање и работата на институциите во контекст на дополнувањата и измените во изборното законодавство, пренесува Слободен Печат.

Претпладнево, УЕФА го одби барањето на градските власти на Минхен да се обои Алијанц Арената во боите на виножитото за време на натпреварот Германија-Унгарија од ЕУРО2020. Главното раководно тело на европскиот фудбал го одби барањето на националниот тим поради „политички контекст“.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари. Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 отсто, додека бруто платата за 10 проценти.

Во Охрид во периодот од 21 до 23 јуни се одржува Регионален форум на земјите од Западен Балкан, чиј домаќин и соорганизатор е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, заедно со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал УНОДЦ. Целта на настанот е изготвување и усогласување на Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии наменет за земјите од Западен Балкан во кој ќе бидат дефинирани приоритетите за борба против корупцијата и нелегалните финансии.

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија.

М. Миткоска

Next Post

Заев-Линде: Јасна поддршка од Шведска за европските аспирации на Северна Македонија

Најново

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk