ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

УЕФА не дозволува Алијанц Арената да се обои во боите на виножитото

June 22, 2021 12:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, СВЕТ, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претпладнево, УЕФА го одби барањето на градските власти на Минхен да се обои Алијанц Арената во боите на виножитото за време на натпреварот Германија-Унгарија од ЕУРО2020. Главното раководно тело на европскиот фудбал го одби барањето на националниот тим поради „политички контекст“.

„Расизмот, хомофобијата, сексизмот и сите форми на дискриминација се дамка врз нашите општества – и претставуваат еден од најголемите проблеми со кои се соочува играта денес“, се вели во соопштението објавено од главното раководно тело на европскиот фудбал.

„Дискриминаторското однесување ги наруши и самите натпревари и, надвор од стадионите, онлајн дискурсот околу спортот што го сакаме. Сепак УЕФА, преку своите статути, е политички и религиозно неутрална организација. Со оглед на политичкиот контекст на ова специфично барање – порака со цел одлука донесена од унгарскиот национален парламент – УЕФА мора да го одбие ова барање“, се вели во одлуката од УЕФА.

Градските советници во главниот град на Баварија за мечот Германија-Унгарија на Евро 2020 во среда во Минхен, планираа да го осветлат стадионот со бои на виножито. Ова требаше да биде симболичен протест против неодамнешното донесување на закон за забрана за промовирање на хомосексуалноста во Унгарија. Познатата Алијанц Арена требаше да блесне со боите на ЛГБТИ за време на натпреварот, а чинот ќе беше за да се обесчести политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Градот Минхен ја поддржува различноста, толеранцијата и вистинската еднаквост во спортот и општеството“, стоеше во заедничката нацрт-одлука на сите шест партиски фракции во Градскиот совет во Минхен, упатена до градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер. По повод натпреварот меѓу Германија и Унгарија, градскиот совет сакаше да испрати видлива порака на солидарност до ЛГБТИ заедницата во Унгарија, која трпи последици од неодамнешниот закон инициран од владата на Орбан.

Унгарија на 15 јуни го усвои предлог-законот за забрана на „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетните лица, предизвикувајќи загриженост на активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТИ заедницата.

Ј. Ѓ.

Поврзано: Алијанц Арена ќе ги пречека Унгарците во боите на виножитото?

Next Post

Пендаровски за „Анадолија“: Брисел и европските партнери одговорни за одложувањето на процесот на интеграција

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk