ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Алијанц Арена ќе ги пречека Унгарците во боите на виножитото?

June 22, 2021 11:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, СВЕТ, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Градските советници во главниот град на Баварија за мечот Германија-Унгарија на Евро 2020 во среда во Минхен, планираат да го осветлат стадионот со бои на виножито. Ова е симболичен протест против неодамнешното донесување на закон за забрана за промовирање на хомосексуалноста во Унгарија. Познатата Алијанц Арена ќе блесне со боите на ЛГБТИ за време на натпреварот, а чинот е за да се обесчести политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Градот Минхен ја поддржува различноста, толеранцијата и вистинската еднаквост во спортот и општеството“, стои во заедничката нацрт-одлука на сите шест партиски фракции во Градскиот совет во Минхен, упатена до градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер. По повод натпреварот меѓу Германија и Унгарија, градскиот совет сака да испрати видлива порака на солидарност до ЛГБТИ заедницата во Унгарија, која трпи последици од неодамнешниот закон инициран од владата на Орбан.

 

Виктор Орбан, премиер на Унгарија

Унгарија на 15 јуни го усвои предлог-законот за забрана на „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетните лица, предизвикувајќи загриженост на активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТИ заедницата.

Амандманот на законот е усвоен со 157 гласа, вклучувајќи ги и од владеачката партија Фидес, на Виктор Орбан, на седницата што директно беше емитувана на телевизија.

Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен крајно десничарската партија Joбик, која му се спротивставува на Орбан, но гласаше за забраната.

„Порнографијата и содржината што ја прикажуваат сексуалноста или промовираат девијации на идентитетот од овој вид, промена на полот и хомосексуалноста, не смеат да бидат ставени на располагање на лица на возраст под 18 години“, се наведува во документот, додавајќи дека тој има за цел да ги „заштити правата на децата“.

Во пракса, тоа ќе значи дека веќе нема да бидат дозволени едукативни програми или реклами кои изразуваат поддршка за сексуалните малцинства, како што е оној на Кока-Кола, што претставува неколку мажи, кои во 2019 година предизвикаа повици за бојкот. Ниту, пак, книгите што ја промовираат хомосексуалноста.

Будимпешта, протест против новиот закон за рестрикции на правата на ЛГБТИ (фото: Gergely Besenyei)

Илјадници лица излегоа на улиците на Будимпешта во знак на протест против „континуираната пропаганда“ на владата против ЛГБТИ заедницата.

Парадоксот да биде уште поголем, корените на ваквиот радикализам на Виктор Орбан и неговата партија Фидес лежат во неколку големи педофилски скандали во нивниот политички круг.

„Законот претставува нов чекор кон обесправување на правата на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица, уште еден чин на насилство во низата од постапки со што систематски ги ограничува владеењето на правото и основните слободи во Унгарија“, рекоа советниците од Минхен и порачуваат дека со овој закон се спротивни на: Повелбата на ЕУ за основните права, Конвенцијата на ООН за правата на детето, надлежноста на Европскиот суд за човекови права и стратегијата на Европската комисија за рамноправноста на ЛГБТИ.

Минхенските советници во предлогот наведуваат дека во таква ситуација, со истакнување на боите на виножитото, појавувањето на германскиот национален тим против Унгарија нуди јавна платформа од која ќе испратиме јасна порака дека Минхен се залага за разновидно и толерантно општество. Спортот, а особено фудбалот, исто така силно ги претставува истите овие вредности, се вели во предлогот.

Мануел Ноер, голманот на репрезентацијата на Германија, со капитенската лента во боите на виножитото за време на натпреварот против Португалија (фото: Philipp Guelland)

Ова не е изолиран случај против дискриминација на ЛГБТИ луѓето во германскиот фудбал. Голманот на репрезентацијата на Германија, Мануел Ноер веќе ја носеше капитенската лента со боите на виножитото за време на натпреварите против Франција и Португалија минатата недела. Клубовите од Бундеслигата исто така редовно учествуваат во слични иницијативи: Лајпциг и унгарскиот голман Питер Гулаци неодамна излегоа во јавноста со поддршка на истополовите бракови.

Ако се знае дека десничарските и ултранационалистичките групи доминираат меѓу навивачите на унгарската репрезентација, кои не ги ни кријат своите антисемитски ставови, натпреварот во Минхен во среда ќе биде интересен од многу аспекти.

На двата одиграни натпревари досега во Будимпешта, блоковите зад голот на Гуласки беа окупирани од навивачи од т.н. „Карпатиска бригада“, група во црни маици составена од приврзаници на неофашистичката партија Joбик и членови на екстремно десничарски групи од редовите на навивачите на унгарските клубови.

Приврзаници на неофашистичката партија Joбик „Карпатската бригада“, со транспаренти против ЛГБТИ заедницата за време на фуедбалски натпревар од ЕУРО2020. (фото: Bede Szolt)

За време на мечот со Португалија на 15 јуни, истиот ден кога унгарскиот парламент го донесе анти-ЛГБТИ законот, „Карпатиската бригада“ прикажа транспаренти, пееше и извикуваше навреди на сметка на сексуалните малцинства, Инцидентот во моментов го истражува УЕФА.

Пред саботното реми со Франција, членовите на истата група маршираа зад анти-ЛГБТИ транспарент сè до „Пушкаш Арената“, опонирајќи на клечењето на Англичаните против расизмот и дискриминацијата.

Во меѓувреме, претпладнево, УЕФА го одби барањето на градските власти на Минхен. Главното раководно тело на европскиот фудбал го одби барањето на националниот тим поради „политички контекст“

„Расизмот, хомофобијата, сексизмот и сите форми на дискриминација се дамка врз нашите општества – и претставуваат еден од најголемите проблеми со кои се соочува играта денес“, се вели во соопштението објавено од главното раководно тело на европскиот фудбал.

„Дискриминаторското однесување ги наруши и самите натпревари и, надвор од стадионите, онлајн дискурсот околу спортот што го сакаме. Сепак УЕФА, преку своите статути, е политички и религиозно неутрална организација. Со оглед на политичкиот контекст на ова специфично барање – порака со цел одлука донесена од унгарскиот национален парламент – УЕФА мора да го одбие ова барање“, се вели во одлуката од УЕФА.

Ј. Ѓорѓиоски

Поврзано: ФК Ливерпул за правата на ЛГБТИ луѓето: Заедниците се посилни кога сите се чувствуваат добредојдени

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

May 10, 2025

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

May 10, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk