ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните денеска симболично ѝ „СВИРАТ КРАЈ!“ на корупцијата

June 23, 2021 13:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

За 2,5 часа граѓаните симболично спасија од корупција над 10 милиони денари во рамки на перформансот „СВИРИ КРАЈ!“ организиран од Регионалната антикорупциска иницијатива.

Во транспарентна кутија на плоштадот во Скопје, максирано лице симболично уништува лажни банкноти, симболизирајќи ја корупцијата, преку која државата и нејзините граѓани секојдневно губат огромни суми пари, а граѓаните преку притискање на копчето „СВИРИ КРАЈ!“ можат да го запрат процесот на уништување на нивните пари.

На настанот кој е дел од едукативната и информативна кампања на РАИ, се обрати заменик шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Џулијан Васало, кој истакна дека денешниот настан ги прикажува разорните ефекти на корупцијата во сите нејзини форми во нашето општество, но, исто така, покажува и дека секој од нас има улога во спречувањето на оваа појава што нанесува штета на демократијата, развојот и целокупниот квалитет на живот.

– Борбата со корупцијата претставува предизвик, не само за Северна Македонија и Западен Балкан, таа и натаму е предизвик за земјите членки на Европската Унија. И покрај нашиот напредок, мораме да се погрижиме да го заштитиме и обезбедиме тој напредок со цел да не се соочиме со уназадување во ова поле. Потребни се напори и заложби, но, исто така, потребно е и добро законодавство и негово спроведување. Заложбите и напорите треба да дојдат и од јавните институции и од приватниот сектор и од граѓаните, истакна Васало.

Дополни дека овој настан е за граѓаните кои ѝ ставаат крај на корупцијата и оти укажувачите кои што дејствуваат во насока на заштита на јавниот интерес претставуваат пример за идеални граѓани.

– Тие се оние што не премолчуваат кога ќе забележат дека околу нив се случува нешто погрешно и кои се стремат да ја исправат таа состојба дури и кога тоа е ризично по нивната безбедност, а сепак знаеме дека укажувачите често пати се соочуваат со индиферентност, непријателски, дури и одмазда. Наместо да се сметаат за одговорни граѓани, тие се обележуваат како предавници на своите колеги, на организациите па дури и на владите и на земјите, посочи Васало. Тој порача дека таквата култура несомнено мора да се промени бидејќи укажувањето претставува уште еден од најделотворните начини за борба против корупцијата, а укажувачите можат да се охрабрат да пријават само ако навистина им веруваат на институциите кои ги примаат нивните поплаки и пријави.

Анета Арнаудовска, виш советник за борба против корупцијата во Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ),  организатор на оваа едукативна и информативна кампања, истакна дека борбата против корупцијата започнува од поединецот, од секој од нас лично.

– Ги покануваме нашите сограѓани и сограѓанки со притискање на копчето „СВИРИ КРАЈ!“ симболично да ја запрат корупцијата и уништувањето на нивните пари. Така ќе покажеме колку пари можеме да спасиме од уништување, доколку одбиеме да учествуваме во корупцијата. Дополнително, така испраќаме и порака за поддршка на „укажувачите“ – лицата кои со пријавување на корупцијата донесуваат храбра и несебична одлука, ставајќи се себеси во служба на јавниот интерес, рече Арнаудовска.

Софка Пејовска Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата, на настанот нагласи дека на симболичен начин преку овој настан покажавме дека секој од нас може да придонесе во борбата против корупцијата.

– За да охрабриме што повеќе поединци да одбијат да учествуваат во корупција и активно да се вклучат во борбата против корупцијата, неопходна е и институционална поддршка. Секој кој сака да поднесе иницијатива за можна корупција, а особено укажувачите, мора да имаат поддршка и заштита од институциите, посочи таа.

Кампањата „СВИРИ КРАЈ!“ ја спроведува Регионалната антикорупциска иницијатива во рамки на проектот „Прекини ја тишината: Зајакнување на политиките и културата на пријавување на корупцијата од страна на „укажувачите“ во земјите на Западен Балкан и Молдавија“, финансиски поддржан од Европската Унија.

Клучна за исполнување на целите на организацијата е соработката на РАИ со граѓанското општество, медиумите, општата јавност, особено младите, како и со националните институции од областа на борбата против корупцијата.

Регионалната антикорупциска иницијатива е меѓународна организација што обединува 9 земји од регионот околу заедничка цел – борба против корупцијата. Во рамките на овој проект, РАИ се фокусира на зајакнување на законодавната и институционалната заштита на укажувачите во земјите од регионот, во согласност со Директивата на ЕУ за нивна заштита, која стапи во сила во 2019 година.

извор: МИА

Next Post

Изјави за медиуми на премиерот Зоран Заев и премиерот Еди Рама (ВО ЖИВО)

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk