ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Избрани се нови изведувачи за делниците од експресниот пат Градско-Прилеп

June 24, 2021 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Веќе имаме избрано изведувач, односно преземена е трасата на првата делница (Градско-Дреново)  од експресниот пат Прилеп – Градско од компанијата „Штрабаг“ и наесен се очекува влез на работите на оваа компанија. На втората делница  Дреново – Фариш веќе имаме избрано изведувач кој е воведен во работа и роковите за реализација на овој дел од делницата од експресниот пат веќе течат, информира денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски одговарајќи на прашање од пратеникот Миле Талевски од СДСМ на седница во Собранието.

Во текот на наредните денови или недели, како што рече,  ќе има силни градежни активности и зафати на терен со што се очекува во 2023 година да имаме комплетно нов експресен пат од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш.

– Ова е еден од најзначајните патни правци во државата, се работи за експресниот пат Градско – Дреново – Дреново – Фариш поделен на две делници. Во изминатиот период на оваа делница немаше изведувач , односно двата изведувачи кои беа на трасата, ја напуштија трасата. Државата ги презема со сите свои механизми одговорностите со цел да се изберат нови изведувачи и да продолжи најскоро што е можно работата на оваа многу специфична и тешка делница, секако важна за граѓаните на Прилеп, Прилепскиот регион, на Пелагонскиот регион, на Битола. Ова е едно од клучните прашања кое веќе е надминато, рече Бочварски.

Паралелно со тоа, информира тој, е избран изведувач и за рехабилитација на целиот превој Плетвар, кој очекува наесен, после изборот на надзорен орган за таа делница, да стартува со работа.

– Работиме и на решавање на институционалните прашања и пречки кои се јавија за експресниот пат од Прилеп до Ленишка река каде што очекувањата  се дека наскоро ќе ги отстраниме сите овие прашања и предизвици и ќе влеземе во нова тендерска постапка и за овој експресен пат, дополни Бочварски.

извор: МИА
Next Post

Битиќи: Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани

НАЈНОВО

Арка-Борец балкански шампион во кајак на диви води

August 25, 2025

Грилиш: Не престанав да го сакам фудбалот во последните неколку години, но не уживав толку многу во него

August 25, 2025

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk