ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со донација од САД се зајакна лабораторијата во ИЈЗ, земјата подготвена да менаџира со каква било криза

June 25, 2021 13:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со донација од САД, лабораторијата на Институтот за јавно здравје го зголемува капацитетот и станува регионален центар во кој на соодветен начин ќе се детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест, а со тоа земјава станува целосно подготвена да менаџира каква било криза која во иднина евентуално може да се појави кај нас и во регионот. Како единствена во регионот експертите од нашата лабораторија ги обучуваат експертите од БиХ, Албанија и Косово. Опремата во вредност од над 570 илјади американски долари е донација од САД.

-Заедно со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз го означуваме почетокот на работа на еден многу важен дел во целото менаџирање на оваа криза, а тоа е лабораторијата за миркобиологија во рамки на Институтот за јавно здравје. Институто е токму тој кој изминатата повеќе од година интензивно работи на менаџирање на целокупната криза, како во делот на претклиничкото менаџирање, така и во делот на мерките и препораките, но и вработените во оваа лабораторија кои се практично 24 часа присутни целата измината година за да работат и ги зголемуваат капацитетите во делот на тестирањата, но и во овој дел што го направивме. Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека се на соодветен начин акредитран да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест. Тоа значи дека сме целосно подготвени  да менаџираме  каква било криза која во иднина евентуално може во смисла на нов бран, не само нас, туку да не снајде и целиот регион, рече министерот Филипче.

Според него, токму на овој начин САД покажаа што значи партнерство, да се биде блиску до земјите кои соработуваат, да се зајакнат системите не само еднократно, туку да се зајакнат трајно за да може да менаџираме било каква криза. Не занеме, потенцира, што може да се случи во есенските месеци, не знае ниту една земја во светото, меѓутоа сега сме целосно подготвени.

Лабораторијата со оваа донација станува Регионален ценатр, кој, како што рече министерот за здравство, Светската здравствена организација  го препозна ова надградување на капацитетитот и како единствена лабораторија во регионот нашите ги обучуваат и експертите во Албанија, Косово и БиХ.

Со оваа донација од 570 илјади долари, досега САД на нашата земја за зајакнување на здравствен систем е близу два милиони долари,  со кој беше доделена лична заштита на опрема, потоа респираторите, потоа медицинска опрема…

Американската амбасадорка Брнз истакна дека овој проект, донација на САД, е започнат уште  во 2018 година пред да знаеме дека ќе се појави Ковид пандемијата и претставува инвестиција во здрaвствената безбедност на нашите партнери, што беше неопходна.

-Иако малку знаевме за тоа колку важна улога за време на пандемијата ќе има оваа лабораторија во тестирањето и прибирањето на податоци кои потоа беа користени за информирање на јавноста во криричниот период, многу сме задоволни што и покрај многу малото доцнење бевме во можност дури и за време на пандемијата да работиме на реновирањето и проектот успешно да го завршиме минатата недела. Особено сум горда што ова нуди нов потенцијал за напредување. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите, во научниците. Како и во САД и тука вашите лекари и научници беа предводници на тој пат, рече Брнз изразувајќи задоволство што проектот ќе има и регионално значење.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети истакна дека со оваа донација ги издигнуваат микробиолошките капацитети  и дека ќе се работи нешто што досега не е правено во државата.

Изрази благодарност за донацијата што е направена во овој временски период на криза што помогнаа со опрема за детекција и реагенси за Ковид 19. – Со ова ја издинавме нејзината подготвеност за справување со биолошките закани од повисок степен во земјава, рече Шабани.

извор: МИА

Next Post

Турнир во баскет во Аеродром „Тројка за МЗТ“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk