ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Високи владини преставници и евроамбасадори го усвоија Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови

June 25, 2021 14:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Високи владини претставници и евроабасадори денеска во Охрид го усвоија Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови. Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е еден од главните приоритети при процесот за пристапување кон Европската унија и економскиот напредок на земјите од Западен Балкан.

Јавните набавки бараат правила и норми коишто треба да се почитуваат со цел да се постигне отчетност на јавните финансии, а со тоа и конкурентност и зголемување на ефикасноста за користењето на јавните средства па на таков начин и зголемување на можностите за посилен економски развој. Македонските министри тврдат дека силно се залагаат за борба со корупцијата.

„Токму овој пристап и го усвојуваме со документот кој што денеска ќе го одобриме, испорачувајќи Регионален Патоказ, кој се фокусира на подобрување на имплементирањето на постојните мерки за борба против корупција и нелегално финансирање, преточени во неколку приоритетни области, мапирајќи и разбирајќи ги идентификуваните недостатоци што ќе ги адресираме преку насочена акција“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

„Северна Македонија има силна заложба во тој правец, токму борбата против корупцијата е една од клучните приоритети на оваа влада во овој мандат и е на врвот на приоритетите особено во 2021 година“, рече Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција.

„Организираниот криминал и корупцијата долго време за жал беа синоним за секоја држава во регионот. Земјите од Западен Балкан се повеќе или помалку во иста или слична состојба со исти предизвици по однос на ова прашање. Затоа оваа иницијатива добива уште повеќе тежина“, истакна Бојан Маричиќ министер за правда.

Треба поголема отчетност при јавните набавки како и да има судски одлуки во однос на истите.  Треба да се зајакнат мерките против корупцијата во јавните набавки, надзорот и мониторингот, да се намалат ризиците за корупција но и да се промовираат мерки за интегритет и професионалност на јавните службеници, повикаа европските амбасадори.

„Треба да бидеме фокусирани на целите, општите и специфичните, за да се справиме со овие предизвици коишто стојат на патот на просперитетот. Тие всушност овозможуваат организиран криминал, сиромаштија, ја поткопуваат демократијата. Ова траба да ни помогне да се оддржиме на добар пат и да имаме јасна насока каде и како треба да се движиме за да се справиме со предизвиците на корупцијата во јавните набавки, стекнување на незаконски имот, одговор на кривично-правниот систем и слично“, изјави Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство.

„Преку овој процес јасно е дека се вложени големи заложби насекаде во регионот кога станува збор за имплементирање на меѓународни конвенции и стандарди кои се однесуваат на антикорупција, на меѓународна соработка. Ветувам дека овај регионален патоказ против корупција и нелегалени финансии за Западен балкан ќе биде одлична основа за напредување како и спроведување на мерки против корупцијата и против перењето пари, изјави Aлександре Шмит, регионален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC)

„Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е една од главните приоритети при процесот на пристапување кон Европската Унија на Западниот Балкан“, истакна регионалниот советник за борба против корупција и поврат на имот за Западен Балкан,  Вирџинија Абајо-Маркез.

Корупцијата и организираниот криминал секогаш биле синоним особено за земјите од Западен Балкан ,долгогодишен  општествен системски проблем за чие решавање е потребно  време. Корупцијја има и во институциите на   на прогонот и судовите. Потпишувањето на патоказот за борба против корупцијата е политичка декларација за идните антикорупциски иницијативи.

Соња Рилковска

Next Post

Благоја Милевски е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk