ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дванаесет дипломирани студенти ја добија наградата Инженерски прстен

June 28, 2021 19:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дванаесет дипломирани студенти од факултетите што негуваат инженерски дициплини во државата, денеска го добија признанието Инженерски прстен. Манифестацијата се одржува по 18-ти пат, а е во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Наградите беа доделени во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, кој воедно е и покровител на оваа манифестација.

Добитници на Инженрскиот прстен се Марија Петрова од Архитектонски факултет, универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Дејан Геговски од Градежен факултет при УКИМ, Маја Шаревска, Машински факултет при УКИМ, Моника Фиданчевска од Технолошко метарулшки факултет – УКИМ, Анита Близнаковска од Факултет за земјоделски науки и храна – УКИМ, Јована Добрева од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство -УКИМ, Елена Соколевска, од Факултет за шумарски науки при УКИМ, Ана Марија Стаменкоска од Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, УКИМ, Елена Стефова од Природно математички факултет – УКИМ, Марија Грујоска од Факултет за природни и технички науки, универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Марија Наумоска од Технички факултет, универзитет „Климент Охридски“ Битола и Методија Буцески од Факултет за електротехника и информациски технологии – УКИМ.

Претседателот Стево Пендаровски, кој денеска ја врачи наградата на добитниците, посочи оти верува дека инженерскиот прстен веќе прерасна во успешен и оригинален проект, кој ја остварува првичната цел, афирмирање на инженерските професии и нивното значење за општеството.

-Беспредметно е да се зборува што претставува инженерството за човештвото и неговото влијание во подобрување на квалитетот на нашите животи, заменување на сегашноста и обликување на иднината, затоа да направиме се што е можно во рамки на нашите ингеренции и да инвестираме во нашиот инженерски човечки потенцијал. Притоа секако мораме да почнеме од најмладите.

Според претседателот Пендаровски, дипломираните инженери треба да си го најдат местото во образованието, во институциите, во стопанските субјекти, и таму да го искористат своето знаење и талент, за на тој начин да придонесат за развојот на заедницата.

Претседателката на Инженерската институција на Македонија, Кристина Спасевска во своето обраќање денеска пред доделувањето на наградите им честита на добитниците и на нивните најблиски.

-Изборот на вашите факултети зборува за факултетот на дипломата со која што се стекнавте, и длабоко сум уверена дека многу брзо ќе може да ја валолизирате со започнување на успешна кариера, им порача Спасевска на добитниците на наградата.

Таа посочи дека Инженерскиот прстен е составен дел од ова признание и содржи круна од дабови лисја во која што се вградени знаците на инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и и овластени инженери.

-Тоа е осумкрака ѕвезда што го претставува знаењето и синергијата на сите инженерски дициплини, дабовите лисја во македонската традиција се симбол на чест и достоинство на носителот. Од почеток како место за доделување на признанието и избран Плаушник, со симболика постојано со најдобрите да се враќаме на Св. Климентовиот храм на лулката на сесловенската писменост и култура, но во услови на пандемија, манифестацијата и оваа година се одржува во Кабинетот на претстедателот, додаде Спасевска.

Како што потенцира, секогаш со доделувањето на ова признание на најдобрите инженери го потврдуваат нивниот успех и големите заложби во текот на студирањето да бидат први, на факултетот што го избрале, но притоа Спасевска ја истакна и улогата што ја имале и ја имаат нивните професори, бидејќи како што рече, нивниот ангажман овозможува кај студентите од најрана взраст да се развие љубов кон инженерството.

Претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Кристинка Радевски во своето обраќање посочи дека ова највиско признание е потврда за воспитување на овие студенти, ова награда е признание за нивниот вложен труд, за нивните квалитети, за визијата и нивните соништа, за перспективите и идните патишта.

-Во фокусот на моето работење следниве четири години ќе бидат младите. Посебно ме радува фактот што во новиот состав на Собранието на Комората како највисок орган има толку многу млаид колеги, тие се движечка сила во развојот на професијата. Нивната млада енергија внесува динамика меѓу сите инженери со сите бои на миленуимските трендови во светот. Напредокот на технологиите се случува со брзина на светлината, воведување на новитети е во сонова на инженерскиот дух, а воведување на иновации во работата, користејќи ги сите современи технологии и алатки за работа на денешницата се одлика на младите инженерски практики, додаде Радевски.

извор: МИА

Next Post

Царовска: Светска банка е наш стратешки партнер во создавањето на квалитетно и современо образование

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk