ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Светска банка е наш стратешки партнер во создавањето на квалитетно и современо образование

June 28, 2021 19:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска учествуваше на координативен состанок со Светска банка во врска со проектните активности што се спроведуваат во делот на образованието. МОН со поддршка од Светска банка започна да реализира проект за унапредување на основното образование вреден 21,5 милиони евра кој ќе биде целосно заокружен во следните пет години, односно до 2026 година.

Негова основна цел, како што посочуваат од МОН, е да ги подобри условите за учење во основното образование во земјата.

– Реформските процеси во основното образованието, кои ги стартуваме од септември годинава се важни за создавањето на квалитетни идни генерации кои ќе го движат општеството и ќе бидат непроценлив ресурс на државата. Затоа истовремено инвестираме во нови современи наставни програми, во унапредување на наставниот кадар, но и во подобрување на условите во училиштата. Наш стратешки партнер во оваа суштински важна реформа е Светска банка, без чија поддршка не би можеле да ги реализираме овие процеси, рече Царовска.

Таа истакна дека овој процес има четири основни компоненти, или насоки во кои ќе се делува. Проектот се состои од четири компоненти – подобрување на училишната инфраструктура, развивање на програма за државно тестирање, зајакнување на компетенциите на наставниот кадар и мониторинг и управување на проектот.

– За да обезбедиме учење со разбирање што е примарната цел на новата Концепција инвестираме во кабинети по природни науки. Исто така се набавува ИТ опрема, како и нагледни и наставни помагала, но и нови клупи, столчиња, табли, но и ги збогатуваме библиотечните ресурси, вклучувајќи ги и дигиталните наставни материјали на чие користење ќе се даде приоритет во 4 одделение. За да обезбеди еднаква пристапност до ИТ уреди, МОН набавува таблет компјутери за учениците од социјално ранливи семејства што ќе им се даваат на времено користење. На овој начин овозможуваме и децата кои не се во можност да користат дигитални уреди, да може да употребуваат како дополнителна алатка при учењето, рече Царовска.

извор: МИА

Next Post

Најстарите зачувани македонски копачки датираат од 1931 година

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk