Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се одржи на 2 и 3 октомври, а почнувајќи од денеска од 10 часот официјално започнува пријавувањето на учесниците, кое ќе биде отворено до 15 септември 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници.
Сабота, 2 октомври, оваа година ќе биде резервирана за трката на пет километри, со старт од 17 часот, а во недела, на 3 октомври, од 8 часот наутро ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.
Пријавувањето за Виз Ер Скопскиот Маратон 2021 може да се направи на официјалната веб страна www.skopskimaraton.com.mk