ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На 150 илјади граѓани им се отпишуваат долговите за камати кон јавните претпријатија и по други основи

June 29, 2021 20:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на КОВИД-19. Овој предлог-закон, како мерка за ублажување на последиците од пандемијата, беше вклучен во петтиот пакет мерки на Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, овој предлог-закон опфаќа околу 150.000 граѓани и ги уредува условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физичките лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репрограмирање на главниот долг и трошоците, на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на овој закон.

– Со ова законско решение им се овозможува на граѓаните, растоварени од притисокот да ги плаќаат каматите, да ја исплатат само главницата на долгот и тоа на повеќе рати, почнувајќи од 1 јануари 2022 година, се наведува во соопштението.

Владата денеска ја донесе и Одлуката за субвенционирање на каматата која произлегува од Финансискиот договор за финансирање мали и средни претпријатија и средно пазарно-капитализирани претпријатија, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, како и пресметаната камата од страна на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Одлуката предвидува субвенционирање на каматата која Развојната банка ја плаќа кон Европската инвестициска банка при повлекувањето на овие средства во висина 100 милиони евра евтин капитал за малите и средни претпријатија по исклучително ниски каматни стапки од 1,6 отсто.

– Со оваа одлука се утврдени и други поволни услови кои ќе им се понудат на малите и средни компании, како рок на отплата до 12 години со вклучен грејс-период од две години, зависно од тоа дали кредитите ќе бидат наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства, стои во соопштението.

На владината седница прифатена е и одлуката да се исплати финансиска поддршка на 745 естрадни уметници кои ги исполнуваат условите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на естрадни уметници. На повикот пристигнале вкупно 1.633 апликации.

извор: МИА
Next Post

Од 1 јули рестораните работат и на затворено со исполнетост до 40 отсто, одлуката не важи за дискотеките, кабареата и клубовите

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk