ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ, со унилатерална изјава за бугарскиот став

June 30, 2021 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Португалскиот предлог се потпира на предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија, параграфот околу македонскиот јазик да остане таков каков што е со чиста формулација – македонски јазик и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Во однос на изјавата на државната секретарка на Португалија за европски прашања Ана Паула Закаријаш, Димитров рече дека во текот на вчерашниот ден имале многу контакти со Лисабон и со претставници на Португалија, односно португалското претседателство, дека укажале на, како што истакна, „оваа крајна несоодветност“ и дека добиле „уверување оти изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон којшто останува на линија на португалскиот предлог и беше изразено жалење во оваа смисла“.

– Прашањето на македонскиот јазик за нас е клучно прашање. Ниту имаме мандат за тоа воопшто да помислуваме да преговараме. Во Европа ќе влеземе само во делот на македонскиот народ, се разбира, како Македонци кои зборуваат македонски јазик и го задржуваме правото тоа да си го браниме достоинствено без разлика на какви изјави ќе наидуваме, денес или во иднина. За мене лично ова беше прилично несреќна изјава, изјави Димитров, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија.

Прашан, каква ќе биде реакцијата на оваа изјава, Димитров, рече дека во јавноста често има еден вид збрка во однос на дипломатските реакции кога ќе имаме вакви поводи.

– Вчера на неколку нивоа, јас лично разговарав со Лисабон, Министертсвото за надворешни работи, исто така, министерот за надворешни работи Бујар Османи, исто така. Што е битно во дипломатската комуникација? Битно е јасно да си го изразите ставот, да изразите негодување, да изразите протест. Сето тоа е направено неколкукратно во текот на вчерашниот ден. Тоа што го добивме, што меѓу другото беше потврдено и преку кратката изјава на португалската амбасадорка што не покрива во Белград, дадена ако не се лажам за Дојче веле во вчерашните вечерни часови, е дека Португалија никогаш нема да направи нешто што ќе штети на изнаоѓање решение, останува цврсто на својот предлог и нема намера да влегува во содржинска дебата околу културни прашања, идентитетски прашања итн, изјави Димитров.

Тој го повтори владиниот став дека македонскиот јазик е еден од клучните идентитетски обележја на македонскиот народ, меѓународно признат и кодификуван со своите уникатни специфики и запишан во личната карта на Северна Македонија во ОН, како и дека македонскиот јазик е израз на неприкосновеното право на македонскиот народ на самоопределување и дигнитет.

Во предлог преговарачката рамка што излезе од Европската комисијата, посочи Димитров, во еден параграф се вели дека целото европско законодавство ќе биде преведено на македонски јазик и дека земјата ќе треба да има доволен број на преведувачи во моментот на зачленувањето.

– Ние досега имаме преведено некаде околу 80 илјади страници од европското законодавство. Во моментов преку СЕП се ревидира преводот на 16 илјади страници и се работи на неколку илјади нови страници, нови преводи, изјави Димитров.

извор: МИА

Next Post

Промовирани нови 50 ласерски радари за потребите на сообраќајната полиција

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk