ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

При пожар во стан маж потешко повреден, 10 лица затруени од чадот

Според сведочењата на станарите пред пожарот се слушнала силна експлозија за која сметаат дека е од плинска боца.

December 14, 2019 15:37
in КРИМИНАЛ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Еден маж потешко повреден со изгореници од четврт степен, а 10 лица затруени од чад се последиците од пожарот што се случи денеска околу 11 часот во еден стан во зграда на улицата „Димо Гавровски Кара“ во Тетово. Тешко повредениот е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.


– Од Брза помош ни донесоа 11 лица. Во одделот хируршки болести е доставен пациент со тешка општа состојба со изгореници од 4-те степен по што веднаш е префрлен со возило од Клиничка болница Тетово со реаниматолог и техничар до ургентен центар на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Во интерно одделение се примени шест жени и четворица мажи со инхалаторно труење од чадот, во лесна состојба. После симптоматска терапија и опсервација пуштени на домашно лекување, изјави д-р Бобан Вучески дежурен лекар во интерниот оддел при Клиничка болница Тетово.

Според сведочењата на станарите пред пожарот се слушнала силна експлозија за која сметаат дека е од плинска боца.

– Мажот излезе да види што се случи, како лифтот да падна, удри еден чад, црнила. Побегнав назад. Викаше човекот од станот, ние не го познаваме, целиот изгорен. Се чудевме што се случи, страшна работа. Видовме дека е плинска боца, ја испуштија. Алал да им е на пожарникарите, како реагираа, рече жена на 60-тина години.

Од тетовската пожарникарска единица информираат дека интервенирале со 10 пожарникари и три возила.

Next Post

Поранешен македонски амбасадор се заканувал со автоматска пушка

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk