ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со предложениот Ребаланс на Буџетот за 2021 година клучни приоритети остануваат здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии и општество воопшто, изјави Ковачевски

July 1, 2021 13:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ребалансот за 2021 е одраз на економските состојби, грижа во поглед на користење на јавните средства и нивно насочување кон реализација на поставените таргети, како и посветеност во справувањето со пандемијата, рече заменик министерот за финасии Ковачевски.

. „Притоа, останува заложбата да инвестираме во трајни добра со фукус на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина“.

Исврнувајчи се на економските случувања и фискалните движења во тековнава година, кои претставуваат основа за подготовка на ребалансот на буџетот 2021 година заменик министерот за финансии Ковачевски потсети дека во 2020 година БДП забележа реален пад од 4,5%, што било во рамки на очекувањата.

„Притоа, падот на економската активност можеше да биде подлабок, според процените приближно двојно поголем, во отсуство на државната поддршка преку четири пакети на економски мерки. Ваквата респонзивност на фискалната политика резултираше, пред се, со ублажување на падот на доходот, приватната потрошувачка и на вработеноста предизвикана од пандемијата, како и позначителен раст на јавната потрошувачка“, нагласи Ковачевски

. Ваквите постигнувања смета Ковачевски се препознаени и од претставниците на ММФ, при што во рамки на нивната мисија во мај беше изјавено дека макроекономските и финансиските политики за поддршка го ублажија влијанието врз економската активност во Северна Македонија.

Образлагајќи ги аргументите за ребаланс на Буџетот за 2021 година заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски потсети на државната помош што преку различни економски мерки продолжи во 2021 година, како преку мерките кои беа преземени претходната година и продолжија да се реализираат во текот на оваа година, така и преку нови мерки, вклучително и најавените кредитни линии за поддршка на претпријатијата, со цел ублажување на ефектите на пандемијата врз најзагрозените и поддршка на економијата за нејзино побрзо заздравување. „Глобалната економија во 2021 година се очекува да продолжи да биде под влијание на ефектите од пандемијата на коронавирус.

Сепак, по економската контракција во 2020 година каква што историски не се памети поради нејзината природа и брзина на распространување, во 2021 година се очекува опоравување на глобалната економија, кое во голема мера ќе зависи од дополнителната фискална поддршка во големите економии, како и од брзината на вакцинацијата во текот на годината. Во 2021 година, глобалната економска активност се очекува да забележи раст од 6%, согласно последните проекции на ММФ, а економскиот раст на ЕУ е проектиран на 4,4%, по падот од 6,1% во изминатата година, рече Ковачевски.

Оттука, според Ковачевски се очекува постепено стабилизирање на глобалните синџири за снабдување и раст на странската побарувачка. Ваквите очекувања, придружени со намалените притисоци од пандемијата во глобални рамки, во услови на интензивирање на процесот на вакцинација, се очекува да влијаат поволно врз домашните економски текови.

„По падот во 2020 година, економијата се очекува да заздрави во 2021 година, при што растот е проектиран на 4,1%, колку што изнесуваше и со првичниот Буџет, но со одредено приспособување во однос на структурата на растот, односно поголем позитивен придонес на домашната побарувачка, при нагорна ревизија на проекциите за раст на потрошувачката и инвестициите, но и поголем негативен придонес на нето-извозот врз економскиот раст“.

Фискалната консолидација и редизајнирањето на буџетската политика во наредниот период, вели заменик министерот за финансии, претставуваат клучни елементи на фискалната политика за поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.

Д. Е.

Next Post

Рускоска: Обвинетите за „Организирање на 27 април” знаеле точно што прават, фрлиле се на една карта

НАЈНОВО

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

Најнизок одѕив на локални избори од независноста на земјата, првпат не надминува 50 проценти

November 3, 2025
Скриншот

Министрите за надворешни работи од осум земји во Истанбул: Дискусии за спроведување на мировниот план за Газа

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk