ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Имаме одлична реализација на приходите и на расходите

July 1, 2021 14:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Декомпозицијата на економскиот раст покажува дека инвестициите ќе имаат значајна улога во заздравувањето на економијата и нејзиното постепено интензивирање, вели заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски.

Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции. Потрошувачката, исто така, е предвидено да го поддржи растот на домашната побарувачка. Приватната потрошувачка се очекува да забележи реален раст од 4%, а растот на јавната потрошувачка е проектиран на 4,3%. Извозот се предвидува да забележи раст од 10,6%, а увозот раст од 11% на реална основа.

Во однос пак на реализацијата на Буџетот на Република Северна Македонија заклучно со мај 2021 година, Ковачевски вели:

„Можам да кажам дека имаме одлична реализација на приходите, а расходите генерално се реализира редовно и навремено во рамки на предвидувањата и очекувањата. Вкупните приходи во периодот јануари-мај 2021 година се реализирани во износ од 83,6 милијарди денари што претставува 39,3% во однос на планираните за 2021 година и претставува раст од 13,9% или во апсолутен износ од 10,2 милијарди денари во однос на истиот период од лани.“

Според експозето на Ковачевски вкупните расходи на Буџетот на Република Северна Македонија во овој период од 2021 година се реализираа во износ од 95,5 милијарди денари, што претставува 38,6% во однос на годишно планираниот износ или раст од 3,5% во однос на истиот период од минатата година. Најголемо учество во структурата на тековните расходи имаат трансферите, за кои во овој период биле исплатени 68,7 милијарди денари што претставува 42,6% во однос на годишно планираниот износ.

„Фискалната политика и редизајнирањето на јавните расходи, со акцент на засилување на циклусот на јавни инвестиции и мерки насочени кон постигнување на забрзан, инклузивен и оддржлив економски раст, ќе има значително влијание врз инвестициската побарувачка, но и врз потенцијалот за раст“, нагласи Ковачевски.

Д. Е.

Next Post

Лукаревска: Со редовната исплата на повратот на ДДВ се зголемува довербата на граѓаните во институциите

НАЈНОВО

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

Најнизок одѕив на локални избори од независноста на земјата, првпат не надминува 50 проценти

November 3, 2025
Скриншот

Министрите за надворешни работи од осум земји во Истанбул: Дискусии за спроведување на мировниот план за Газа

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk