ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Идејата на унилатералните изјави е да покажеме дека имаме различни ставови по прашањето на јазикот

July 1, 2021 14:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние не влегуваме во никакви замки поврзани со македонскиот јазик или македонскиот идентитет, тоа го повторив повеќе пати, го кажаа и министерот за надворешни (Османи) и вицепремиерот Димитров. Од она јас што го имам видено идејата на унилатералните изјави за некои прашања вклучувајќи го и јазикот, е токму тоа да се укаже дека имаме различни ставови по одредени прашања, па и тоа за јазикот.

Ова го изјави мионистерот за правда Бојан Маричиќ за медиумите на прес-конференција на Преспа форумот запрашан дали нашата земја влегува во замка во однос на португалскиот предлог и  унилатералната изјава во која С Македонија би кажала дека македонски јазик е кодифициран во 1945 година без да спомене дека постоел порано, со што се потврдува позицијата на Бугарија во нејзината унилатерална изјава дека јазикот непостоел пред 1945 година.

-Ние од нашата позиција не можеме да отстапиме, за нас е многу важно во рамките на законодавството на ЕУ и во преговарачката рамка да остане формулацијата дека правото на ЕУ се преведува на македонски јазик и во контекст на тоа немаме проблем доколку дадеме унилатерална изјава во која ќе се изнесат факти, но исто така со тоа не признаваме и не знам која е точната формулација, до крај, меѓутоа во никој случај немаме право ниту можност да признаеме дека македонскиот јазик постои од 1945 година. Сигурно дека постои претходно, а е кодификуван 45-та и тоа е прашање на факт, рече Маричиќ.

Тој повтори дека македонската страна јасно и недвосмислено кажала и во тие изјави и во други дека нашиот јазик постои, и е кодификуван 45-та, што е, вели, факт, а декларација што е посочена, нагласува, никаде ниту е усвоена, таа беше само предмет на разговори.

-Во моментот кога ќе дојде до усвојување на некаква декларација ќе можеме поконкретно да дискутираме. Но, треба да ги имаме предвид овие работи и со внимание да постапуваме, мислам дека нашата делегација внимателно ги разгледува сите прашања и во никој случај нема да дозволи да има каква било одлука или каква било декларација на штета на нашите интереси и на македонскиот јазик, истакна министерот за правда Маричиќ.

извор: МИА

Next Post

Португалскиот предлог е се уште единственото валидно можно решение, порача Османи

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk