ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: По економската контракција во 2020 година каква што историски не се памети, во 2021 година се очекува опоравување на глобалната економија

July 1, 2021 15:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ребалансот за 2021 е одраз на економските состојби, грижа во поглед на користење на јавните средства и нивно насочување кон реализација на поставените таргети, како и посветеност во справувањето со пандемијата, рече заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски на Собраниската Комисија за финансирање и буџет која денеска го започна претресот по Ребалансот на Буџетот.

Тој нагласи дека останува заложбата да се инвестира во трајни добра со фукус на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина“.

Осврнувајќи се на економските случувања и фискалните движења во тековнава година, кои претставуваат основа за подготовка на ребалансот на буџетот 2021 година заменик министерот за финансии Ковачевски потсети дека во 2020 година БДП забележа реален пад од 4,5%, што било во рамки на очекувањата.

„Притоа, падот на економската активност можеше да биде подлабок, според процените приближно двојно поголем, во отсуство на државната поддршка преку четири пакети на економски мерки. Ваквата респонзивност на фискалната политика резултираше, пред се, со ублажување на падот на доходот, приватната потрошувачка и на вработеноста предизвикана од пандемијата, како и позначителен раст на јавната потрошувачка“, нагласи Ковачевски.

Ваквите постигнувања смета Ковачевски се препознаени и од претставниците на ММФ, при што во рамки на нивната мисија во мај беше изјавено дека макроекономските и финансиските политики за поддршка го ублажија влијанието врз економската активност во Северна Македонија.

Образлагајќи ги аргументите за ребаланс на Буџетот за 2021 година заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски потсети на државната помош што преку различни економски мерки продолжи во 2021 година, како преку мерките кои беа преземени претходната година и продолжија да се реализираат во текот на оваа година, така и преку нови мерки, вклучително и најавените кредитни линии за поддршка на претпријатијата, со цел ублажување на ефектите на пандемијата врз најзагрозените и поддршка на економијата за нејзино побрзо заздравување. „Глобалната економија во 2021 година се очекува да продолжи да биде под влијание на ефектите од пандемијата на коронавирус.

Сепак, по економската контракција во 2020 година каква што историски не се памети поради нејзината природа и брзина на распространување, во 2021 година се очекува опоравување на глобалната економија, кое во голема мера ќе зависи од дополнителната фискална поддршка во големите економии, како и од брзината на вакцинацијата во текот на годината. Во 2021 година, глобалната економска активност се очекува да забележи раст од 6%, согласно последните проекции на ММФ, а економскиот раст на ЕУ е проектиран на 4,4%, по падот од 6,1% во изминатата година, рече Ковачевски.

Оттука, според Ковачевски се очекува постепено стабилизирање на глобалните синџири за снабдување и раст на странската побарувачка. Ваквите очекувања, придружени со намалените притисоци од пандемијата во глобални рамки, во услови на интензивирање на процесот на вакцинација, се очекува да влијаат поволно врз домашните економски текови.

Фискалната консолидација и редизајнирањето на буџетската политика во наредниот период, вели заменик министерот за финансии, претставуваат клучни елементи на фискалната политика за поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.

Декомпозицијата на економскиот раст покажува дека инвестициите ќе имаат значајна улога во заздравувањето на економијата и нејзиното постепено интензивирање, вели заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски.

Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции. Потрошувачката, исто така, е предвидено да го поддржи растот на домашната побарувачка. Приватната потрошувачка се очекува да забележи реален раст од 4%, а растот на јавната потрошувачка е проектиран на 4,3%. Извозот се предвидува да забележи раст од 10,6%, а увозот раст од 11% на реална основа.

Во однос пак на реализацијата на Буџетот на Република Северна Македонија заклучно со мај 2021 година, Ковачевски вели:

„Можам да кажам дека имаме одлична реализација на приходите, а расходите генерално се реализира редовно и навремено во рамки на предвидувањата и очекувањата. Вкупните приходи во периодот јануари-мај 2021 година се реализирани во износ од 83,6 милијарди денари што претставува 39,3% во однос на планираните за 2021 година и претставува раст од 13,9% или во апсолутен износ од 10,2 милијарди денари во однос на истиот период од лани.“

„Фискалната политика и редизајнирањето на јавните расходи, со акцент на засилување на циклусот на јавни инвестиции и мерки насочени кон постигнување на забрзан, инклузивен и оддржлив економски раст, ќе има значително влијание врз инвестициската побарувачка, но и врз потенцијалот за раст“, нагласи Ковачевски.

Д. Е.

Next Post

Пендаровски во Загреб се сретна со Месиќ и ги посети МПЦ „Св. Злата Мегленска“ и музејот на Дражен Петровиќ

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk