„Во вас ја гледам иднината на секоја од земјите од каде доаѓате и воопшто иднината на регионот. Гледам идни предводници на позитивни промени во општествата, креатори на политики, двигатели на претприемништвото, економијата и иновациите во сите сфери. Вашиот потенцијал не смее да остане нереализиран и затоа сме тука ние, раководителите на институциите, да ви дадеме простор да го искажете тоа што го поседувате, но и постојано да се надградувате. Еден ден, ќе ги преземете нашите улоги и верувам дека ќе бидете добро подготвени за да постигнете уште поголеми успеси од досегашните“, рече Царовска.
Претходно, Министерката рече дека поврзувањето на младите од регионот создава синергија која го забрзува процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија.
На младинскиот форум, покрај министерката Царовска, учествуваа и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, министерката за образование на Република Албанија Евис Куши, пратеникот Дарко Каевски, поранешниот министер за образование и пратеник Арбер Адеми и други претставници.





