ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Митреска: Клубот на истражувачите е платформа за презентација и разработка на научно-истражувачки трудови

July 2, 2021 10:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка успешно го одржува без прекини Клубот на истражувачите и покрај предизвиците наметнати од пандемијата. Клубот е платформа за презентација и разработка на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата, истакна вицегувернерката Ана Митреска во поздравното обраќање на 39-тата сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка.

– Преку сесиите на Клубот се промовираат исклучително значајни научни трудови и се овозможува размена на знаењето помеѓу истражувачите во областа на економијата. Еден од тие трудови е и трудот на Рејхан Сулејман, овогодишната добитничка на Годишната награда на Народната банка за млади истражувачи. Станува збор за труд што истражува релевантна област, односно го оценува ефектот на претприемништвото врз економскиот раст, рече Митреска.

Во рамки на вчера одржаната сесија беше презентиран трудот „Влијанието на претприемништвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден Исток и Северна Африка): со осврт на Северна Македонија“ од Рејхан Сулејман, која за овој труд ја доби Годишната награда на Народната банка за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година.

Целта на трудот на Сулејман, како што беше посочено и во презентацијата, е да се испита влијанието на претприемништвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и регионот МЕНА, со посебен осврт на македонската економија. Во трудот се дава осврт на претприемништвото во нашата земја во периодот од 1990 до 2017 година, а економската анализа е направена со примена на релевантна методологија – панел-оцена.

Како што посочи Сулејман, во ова истражување, се користени податоци за  претприемачката активност во рана фаза (англ. TEA – total-early stage entrepreneurial activity) и за т.н. воспоставена деловна сопственост (англ. EBO – established business ownerships), од Глобалниот монитор за претприемништво (ГЕМ), како конзистентна база на податоци по земји. Како што беше истакнато и во презентацијата, главниот заклучок од анализата на Сулејман е дека претприемачката активност во рана фаза нема статистички значајно влијание врз економскиот раст, додека етаблираните претприемачки бизниси, или т.н. воспоставена деловна сопственост, имаат позитивно влијание врз растот на БДП.

По презентацијата, во рамките на сесијата, меѓу учесниците се водеше дискусија за повеќе прашања поттикнати од истражувањето на Сулејман.

Следната сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи во септември, а Народната банка ќе објави и повик за истражувачи, за презентирање трудови на сесијата.

Неодамна, Народната банка го објави и Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2022 година.

извор: МИА
Next Post

Данска ќе донира два милиона вакцини „АстраЗенека“ за земјите од Западен Балкан

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk