ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рикер: ЕУ да ги исполни ветувањата кон Северна Македонија и Албанија, штетно е за нашите заеднички вредности да се сузбие процесот на проширување

July 2, 2021 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на европска интеграција на земјите од регионот ги поставува основите за мирен демократски развој. Но сите знаеме дека кредибилитетот и влијанието на Европската Унија во регионот сега е на многу ниско ниво, затоа сите земји-членки мора да работат за одново да го воспостават тој кредибилитет на Западниот Балкан.

Ова денеска во Охрид го изјави помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер на панелот „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западниот Балкан“ во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог.

-Одлуката на ЕУ да започнат преговори со Северна Македонија и Албанија беше инспиративна, меѓутоа сега Унијата нема кредибилитет доколку не се преземат конкретни активности за почеток на преговорите. Се надеваме дека Европската Унија ќе ги одржи првите меѓувладини конференции со двете земји и ќе се случи ова. Ги слушнавме заложбите на словенечкото претседавање со ЕУ. Веруваме дека не е соодветно и дека е штетно за кредбилитетот на ЕУ за нашите заеднички вредности да се сузбие процесот на проширување, подвлече Рикер.

Рикер потсети и оти истакнати лидери на ЕУ кажале дека Унијата мора да ги исполни своите ветувања, особено, рече тој, како што истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

-Повеќе од две децении визијата за соработка на САД со ЕУ за Западниот Балкан мотивираше форми коишто помагаа да се усвојат за заедничките вредности и во трансатлантската заедница. Затоа ме инспирираа забелешките на претседателот Пахор – ЕУ и сите земји-членки мора да работат за одново да го воспостават тој кредибилитет во Западниот Балкан, и тоа е пораката што ја испрати секретарот Блинкен на неговите состаноци во Берлин, Париз и Рим, истакна Рикер.

Тој порача дека треба јасно да им се каже на лидерите и на луѓето во регионот, дека реформите што се спроведуваат водат кон европска интеграција.

-Неодлучноста и неконзистентноста за ова прашање ги заслабува напорите и на САД и на останатите во регионот, и им одговара на оние коишто сакааат да создадат несогласувања во трансатлантската заедница, подвлече Рикер.

Тој додаде дека е важно државите членки на ЕУ да ги исполнат своите ветувања и изрази надеж дека тоа ќе го сторат во следниот период.

-ЕУ треба да покаже конзистетност и кредибилитет. Тоа може да го стори со доделување безвизен режим за Косово. Косово ги исполни сите предуслови за безвизно патување во Шенген зоната. Ако му се ускрати на Косово безвизен режим, и ако му се ускрати на Косово европската перспектива, тогаш мотивацијата да се водат разговорите Приштина-Белград ќе биде ослабена. А ако не се постигне договор меѓу Белград и Приштиона, тогаш целиот регион не ќе може да оди напред, порача во овој контекст помошникот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Рикер.

извор: МИА
Next Post

Заев и Брнабиќ најавуваат воведување бесплатен роаминг и со земјите од ЕУ

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk