Репрезентацијата на Данска ја победи Чешка со 2:1 во четвртфиналето на Европското првенство 2020. За победничкиот тим погодија Дилејни во 5. и Долберг во 42. минута. Шик е стрелец на голот (49. минута) за Чесите.
Данците ќе играат во полуфиналето на Европското првенство за прв пат од 1992 година, кога го освоија турнирот. Оттогаш, тие не се пласираа на евро-шампионатите двапати (2008, 2016), беа елиминирани трипати во групната фаза (1996, 2000 и 2012 година) и еднаш стигнаа до четвртфиналето (2004 година).
Фудбалерите на Англија ќе играат со Данска во полуфиналето на Европското првенство 2020, откако во последното четвртфинале ја победија Украина со убедливи 4:0.
На средбата одиграна во Рим, двоен стрелец беше напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој погоди во 4. и 50. минута. По еден гол постигнаа дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер и играчот за врска на Ливерпул, Џордан Хендерсон.
Украина го заврши настапот на турнирот.
Во другото полуфинале ќе се соочат Италија и Шпанија.