ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Флутурије Џила Шеј: МОН ни обезбеди кариерен развој со воведување на наставник-ментор (ВИДЕО)

July 5, 2021 14:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наставничката по англиски јазик и наставник-ментор Флутурије Џила Шеј од ООУ „Хасан Приштина“е една од 141 наставник кои беа унапредени во наставник-ментор на првиот јавен оглас на МОН. Со ова од септември наставничката Џила Шеј ќе добие зголемување на платата од околу 3.000 денари, но и дополнителни обврски и задолженија.

Менторот, освен што треба да го води наставникот – почетник низ училишни активности и да му помага во стекнувањата на потребни умеења и вештини за самостојна работа како наставник, ги менторира и студентите од факултетите за наставници, користи иновативни приоди и им помага на колегите во спроведување на акциски истражувања и учествува во изготвување на развојни политики на училиштето. Наставниците- ментори ќе бидат вклучени во спроведувањето на новата Концепција во основно образование, која стартува од септември годинава во прво и четврто одделение, а реформските процеси во деветолетката е предвидено целосно да се имплементираат во следните 5-6 годдини.

„Да бидеш наставник-ментор значи да си ценет и успешен во професијата. Тоа е плод на стандардите и критериумите кои си успеал ги постигнеш со текот на годините работа. Моето работно искуство ме натера да аплицирам за наставник-ментор затоа што е  нормално секој којшто работел со ученици да бара да биде унапреден и да се усоврши во својата кариера”, вели наставничката Џила Шеј.

Наставничката рече дека е подготвена за предизвикот што ги очекува не само наставниците-ментори, туку и учениците и посакува во новата учебна година учениците да се вратат во училишните клупи.

„Јас како наставник- ментор, ќе се ангажирам за имплементација на новиот концепт во образованието, поддршка на моите колеги за поквалитетно образование во училница, како и за унапредување или потикнување на стручно усовршување и унапредувањето во нивната кариера. Нормално дека е многу значајно да се биде ментор-наставник, не е едноставна работа бидејќи бара максимална посветеност со колегите бидејќи преку нив ќе можеме да имаме подобра настава во училниците, поквалитетна настава и поквалитативна и долгорочна настава, потенцираше наставничката – ментор Флутурије Џила Шеј.

За да може еден наставник да стане ментор, треба да е минимум седум години во професијата, да е вработен на неопределено време, како и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор. Кариерниот развој на наставниците е новина во нашиот образовен систем, што стартуваше годинава, по повеќе од една деценија најавување.

Next Post

Адеми за Фронтлајн: „Преспа Форум дијалог“ ќе биде традиционален форум, бренд на нашата држава

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk