ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пленковиќ за продолжување на политиката за проширување на ЕУ на Западен Балкан

July 5, 2021 20:40
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска учествуваше на виртуелниот самит на Берлинскиот процес, на кој лидерите на земјите-членки разговараа за напредокот и актуелните предизвици на регионалната соработка во Југоисточна Европа.

На состанокот, кој се одржа под претседателство на Германија, претседателите и владите на Берлинскиот процес разговараа за сè што е постигнато во седумгодишното постоење на оваа дипломатска иницијатива, чија цел е да го доближи Западен Балкан кон евроинтеграциите.

Пленковиќ истакна дека Хрватска го поддржува продолжувањето на политиката на проширување, заснована врз индивидуалните заслуги на секоја земја, што беше утврдено и на самитот во Загреб за време на хрватското претседателство со Советот на ЕУ во мај 2020 година.

Тој ја истакна потребата за брзо постигнување консензус за преговарачките рамки за Албанија и Република Северна Македонија, за да можат веднаш да се отворат пристапните преговори, се вели во владиното соопштение што го објави Хина.

Хрватскиот премиерот особено ја истакнал потребата од продолжување на европскиот пат на Босна и Херцеговина и спроведувањето на клучните реформи, особено постигнување договор за измени во Изборниот закон, со целосно почитување на принципот на легитимна застапеност на сите три конститутивни народи.

Хрватска го поздравува влегувањето во сила на Договорот за укинување на роамингот на Западен Балкан од 1 јули 2021 година како важно достигнување што ќе ја подобри дигиталната поврзаност на регионот. Важно е да се обезбеди проток на стоки, луѓе, капитал и услуги меѓу земјите од Западен Балкан, а Хрватска ги поздравува конкретните иницијативи во таа насока, се вели во соопштението.

Пленковиќ истакна дека Хрватска, како израз на солидарност, донираше 360.000 дози вакцини на земјите од Југоисточна Европа.

Состанокот, како што се наведува, ја потврди важната улога на Берлинскиот процес како двигател на регионалната соработка на Западен Балкан, што е дополнително важно во контекст на надминување на социо-економските последици од пандемијата Ковид-19.

Кога станува збор за иднината на Берлинскиот процес, Хрватска ќе остане сигурен партнер во идните концепти на соработка, имајќи предвид дека европскиот пат е единствениот што гарантира долгорочна стабилност во Југоисточна Европа, соопшти Владата во Загреб.

извор: МИА
Next Post

Проширувањето останува стратешка цел и за ЕУ и за земјите од Западен Балкан

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk