Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја повика Германија и другите држави од Унијата да ги земат мигрантите и барателите на азил директно од грчкиот остров Лезбос.
„Идејата е делот од постапката на давање азил да се спроведе во други земји“, рече Мицотакис за германски „Билд“.
Според него, европскиот систем за азил и миграции мора да се унапреди, како што вети Европската комисија, и додаде дека мора повеќе да се дели товарот од овој проблем, пренесе Хина.
Околу 39.000 мигранти живеат во цетрите и околу нив на Лезбос, Хиос, Лерос и Кос, чиј капацитет е 7.500 луѓе.
Како што се наведува, доаѓањата на мигрантите во Грција од соседна Тирција повторно се во пораст и повеќе од 37.000 луѓе се во камповите на островите.