ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес

July 10, 2021 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

ЕУ мора да најде начин за интеграција на Западниот Балкан, што би претставувало географска и политичка консолидација на европскиот континент. Toj процес е од стратешки интерес за двете страни и потребно е поголемо вклучување на земјите од регионот во дебатата за иднината на ЕУ, на начин како иницијално беше овозможено за време на Преспа форумот и панелот на конференцијата Иднината на Европа.

Ова го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи  во обраќањето на панелот на министри за надворешни работи „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“, што се одржа денеска во рамки на Дубровник форумот.

Османи направи осврт на неодамна одржаниот Преспа форум за дијалог во Охрид, севкупниот реформски контекст поврзан со формалниот почеток на преговори со ЕУ, како и односот и очекувањата на земјите кандидати и претенденти за членство во ЕУ.

Порача дека во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес, при што, потенцираше, двете страни би се придржувале до прифатените обврски -испорачани реформи за формален почеток на преговори за членство, како за Северна Македонија и Албанија.

-Не постои друг начин Европа да биде целосна, освен интегрирањето на делот кој недостига, нагласи Османи.

На панелот учествуваа и заменик-премиерот и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово Грвала-Шварц, министрите за надворешни работи на Црна Гора Радуловиќ, Албанија Џачка, Чешка Кулханек, Грција Дендиас, заменикот министер за надворешни на Босна и Херцеговина Бркиќ, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан Лајчак, членот на Европскиот парламент Зовко, назначениот висок претставник за Босна и Херцеговина Шмид и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, Старовиќ.

извор: МИА

Next Post

Во Делчево реализирана прва средба под мотото „Жената е битна алка во креирањето на јавните политики“

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk