ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Делчево реализирана прва средба под мотото „Жената е битна алка во креирањето на јавните политики“

July 10, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Жената е битна алка во креирањето на јавните политики“, Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Општина Делчево во пресрет на локалните избори организираше заедничка средба на која учество зедоа претставнички од женските активни на актуелните политички партии, кои дејствуваат на подрачјето на Општина Делчево како и актуелни и поранешни пратенички во Собранието.

Настанот како што информираше координаторката на комисијата, Сузана Петровска се организираше во рамки на Стратегијата за родовата рамноправност, како дел од активностите насочени кон политичко јакнење на жените и поголемо нивно учество во јавните политики.

– Знаеме дека за претстојните локални избори во тек е кандидирањето за листа на членови на Советот на општината, која е една од најважните институции во градот, па од тие причини нашите заложби се што поголем број жени да се најдат на листите за советници, a подоцна и во Советот. Нашата цел е: „Жените и мажите, пропорционално застапени – рамноправни партнери во Советот“ , подоцна во комисиите на општината, во управните одбори и извршните раководни позиции на локалните институции“, рече Петровска.

Додаде дека според актуелната законска регулатива можноста за учество на помалку застапениот пол, процентуално во моментот изнесува 40 проценти.

– Сите знаеме дека политичките партии го запазуваат тој процент на листите, но битно е и на кое место ќе бидат ставени жените на листите. Токму од тие причини денеска во Советот на општината, жените се застапени со 30 проценти, а не со 40 проценти. Од бројот на застапени жени во Советот на општината ќе зависи и бројот на жени во органите на управување, бидејќи тие ни ги бира Советот на општината. Мене лично како координатор за еднакви можности ме радува фактот што денеска успеавме да ги обединиме жените од сите политички партии за една единствена цел „Жените и мажите, пропорционално застапени и рамноправни партнери во Советот“, додаде Петровска.

Актулениот пратеник во Собранието и актуелен претседател на Комисијата за здравство Соња Михаиловска рече дека улогата на жената при креирањето јавни политики е од особена важност, потенцирајќи дека жените треба рамноправно да се борат со мажите за постигнување на зацртаните цели.

– Ваквите активности се особено важни во сите сфери на општеството. Мене како жена пратеник ми припадна најголемата функција да ја претставувам општината во законодавниот дом, а воедно ги претставувам жените и како сум член на комисијата за еднакви можности меѓу мажите жените. Со задоволство можам да кажам дека како дел од оваа комисија го изгласавме и законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените, а меѓу првите закони кој го изгаласавме е законот за спречување на насилството врз жените и семејното насилство, рече Михаиловска.

Потпретседателката на Партијата за целосна еманципација на Ромите од Делчево Џулиета Мемедова која учествуваше на настанот излезе со предлог за потпишување заедничка декларација за еднаква застапеност на жените во политичкиот живот.

– Предлагам од овој форум да произлезе една декларација која ќе биде потпишана од сите учеснички на денешната средба, се со единствена цел да им покажаме на мажите дека жените треба еднакво да бидат застапени на листите, односно да имаме застапеност 50-50 и на обата пола, рече Мемедова.

Од Комисијата за еднакви можности најавија дека ваквите средби со цел зајакнување на улогата на жената во општествениот живот ќе продолжат и понатаму.

извор: МИА

Next Post

Многу инвестиции се во тек, во финализација проекти од над осум милијарди евра, вели Заев

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk