ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Како се губи идентитетот?

July 10, 2021 18:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Горда Еврејка од Македонија, не значи дека е во прашање Македонка, за да Македонците паѓаат во бесознание од патриотското чувство на Еврејката. Таа е Еврејка, и се гордее со сопствениот идентитет каде и да е во светот, па и овде во Македонија. Горди Македонци има секаде низ светот, има и такви кои се родени во други држави на различни континенти, млади генерации кои не го зборуваат мајчиниот јазик, македонскиот, а сепак, чувството на корените кои ги прави горди Македонци таму каде се родиле и живеат, егзистираат, никој не може да им го одземе. Дури и да се обидат самите да го сторат тоа, никој не може да им ги избрише идентитетските чувства на нивните предци…

Тоа идентитетско чувство не е вера, не е верска определба која во текот на животот може да се смени. Идентитетското чувство е неизбришливо, тоа е корен од кој израснуваат стебла, широки и високи, и само тој, коренот, ги храни и најмладите ластегарки на идентитетското дрво. Дури и да се скрши некоја гранка, во нејзината срцевина и во кората и лисјата ќе се откријат гените на коренот. Идентитетот не можеш да го смениш, дури и да сакаш. И во античко, и во византиско, и во румелијско и во српско и бугарско сме биле идентитетски свои, наши, Македонци. Што ако не “потурчувале“, ги терале децата да учат во бугарски училишта, во српски училишта, ги менувале презимињата, мислејќи дека ќе ни го откорнат коренот на идентитетот? Никој низ длабоката историја не успеал да го смени тоа идентитетско чувство, најмалку на административен начин. Абе ај. И Христијани се муслиманизирале, и Муслимани се христијанизирале, ама идентитетската припадност никогаш не ја смениле. Затоа што не можеле, дури и да сакале. И Нововерци и Протестанти и Католици и Муслимани и Христијани, и Амери и Канаѓани, и Австралијанци и Норвежани, денес, каде и да се во светот, се горди Македонци заради незибришливоста на корените, на идентитетот.

Кој бара заштита на идентитетот и јазикот? Што ќе постигне тој што бара изгласување на некаква Резолуција во македонскиот Парламент за наводна заштита на идентитетот и јазикот? Само плашливци, несигурни во себе, или во нашиов случај, само манипулатори со најсветите чувства, бараат такво изгласување, и не за да го заштитат идентитетот и јазикот, туку, за да продолжат да роворат со чувствата на обичните и искрени Македонки и Македонци, за да ја држат вековната мантра, во која тие, односно ние Македонците мораме да продолжиме да се гледаме преку нишан, сами себе да се обвинуваме, да се мразиме, и на крај ако треба и да се самоистребиме, за тие да ја продолжат најсрамната традиција меѓу Македонците. Да го пљачкаат сопствениот народ бетер од султанските арачлии, од бугарските административци, од српските колонијалисти, лажно заштитувајќи им го идентитетот и јазикот, кој, ни Горниот може да ни го одземе.

Кој е бре тој што може да тргува со нешто што е нераскинливо и неодвоиво од секој горд Македонец? Од мене, од тебе, од сите кои го носат во себе истото чувство, од сите кои се гранки и ластегарки на високото стебло со длабоки корени? Само коркачи веруваат во тоа дека некој може да тргува со овие чувства, да се пазари, да ги испазари. Само немакедонци, можат да МАФТААТ со Резолуции за заштита на нешто што ни тече во вените, што ни е ДНК и ДНА слика во коските. И навистина, ќе може ли некој да ми објасни, како се губи идентитетот?


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Филипче: Кај децата од Гевгелија утврдена вирусна инфекција која не е поврзана со Ковид

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk