ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Макаки и лемури

July 11, 2021 12:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Зошто е паметно да им кажеме не на црвените линии?

Прво, резолуцијата дури и со евентуални промени на текстот, ќе остане параден коњ на смртно болниот македонизам, уште еден круг на патетичната нарација, без шанси кобилата да освои нешто на хиподромот на новото време. Сдсм не смее својот профил на партија со модерно разбирање на темите за државата, нацијата и општеството, односно луѓето, да го компромитира со враќање во орото на фолклорните патриоти со политичка агенда односно на политичарите со фолклорна агенда. Во орото во кое Македонија исчезнува од сцената како кецот на Танец зад дебелите кулиси на сцената на Националниот театар. Ситуацијата е значително посложена и бара не опортунистичко приспособување на каприците на денот, туку жестока, ризична и одговорна акција во која или нацијата ќе се прекрши во нова димензија на постоењето или самата ќе се скрши под товарот на предизвиците.

Ќе се кикифризира.

Црвените линии се запишани во конституцијата.

Собранието е црвена линија.

Власта и опозицијата се црвени линии.

Институциите се црвени линии.

Дури и границите.

Хахаха!

Јас сум црвена линија.

Нема други црвени линии.

Освен кај Киплинг.

И во филмот со…

Тенки и судбоносни.

Обаче, ние сме проблемот.

Нашите црвени линии го потенцираат проблемот, не го решаваат, ниту пак идејата за црвените линии е проблемот да се реши.

Второ, никаква резолуција не може да го покрене автобусот кој среде пат останал без бензин. Мицко, Ќулафкова и Коцаре можат уголголи да мавтаат со своите родови органи, манифести и други гести, од хаубата на унесреќеноста – џабе! Поголеми шанси има ако се договорат да го поднаполнат резервоарот со мочки, односно да го енергизираат автобусот со последните исцедоци од себе и така да стигнат до првата бензинска станица. Никаква резолуција не може да ја изрази спремноста на макаки мајмуните да не дозволат некој да ги претвори во лемури, но може и тоа сигурно и многу убедливо, да ја изрази слабоста на макаките, нивниот фатализам и смртен страв, несигурноста во себе и основаноста на таа несигурност. Се разбира, без резолуција тие слабости не би можеле да исчезнат, но се поставува прашањето: зошто скотовите сакаат на светот да му ги откриеме сите наши слабости, усраните гаќи, единствената коалиција меѓу науката и верата, во резолуција да го паднеме тоа што осумдесет години го имаме во уставот, законите, институциите и животот, во меѓународните релации, сè до појавата на вмро, цум бајшпил.

Трето, сдсм ризикува во резолуциската кампања со вмро да ја компромитира својата преспанска позиција и дома и надвор.

Односно да се компромитира скроз.

Лидерот на вмро и денеска води политики против Преспанскиот договор. Всушност, тоа не се политики.

Тоа се смрдливи просерувања.

Формално го смета за незавршена реалност, но суштински не прифаќа ништо од договорот во Њивице, но не затоа што тој  документ ги загрозува националните интереси туку, имено, затоа што ги потврдува.

Како може таа вистина да му се дотера на Македонецот од дупето у главата, јас не знам, но мора да има некој начин.

Друштвото со таков субјект мора да е компромитантно за светогледот на сиот нормален свет, на Грците, посебно.

Четврто, Вмро е најстрашниот израз на неконсолидираноста на македонската нација. Тоа е дефиницијата на злото. Агент на заспаната смрт. Односно заспан агент на македонската смрт. Дури и кога се изразува низ политичката конфронтација со сдсм, вмро е доминирано од невозможноста на Македонија како историски субјект. Реакционерна, не револуционерна, ревизионистичка и ретроградна политичка структура, културна наслага и ментална категорија на македонското постоење како проблем. Како проблем кој може да се реши само со смрт на субјектот.

Тие се ненадминато детство кое македонството во национална смисла си го има присвоено во процесот на растењето како историски и национален субјект. Феномен кој во голема мерка ја оправдува историската аргументација на бугарската блокада. Македонија мора да се соочи со тој факт, а не тој факт да го трпи како резолуционерен елемент кој низ патетични досетки и кафеански штосеви ја турка нацијата и државата кон пропаст.

Дали е тоа можно?

Не знам.

Тоа е безмалку безизлезна ситуација.

На таа идејна определба со која се освоени дел од гласачите или 45 проценти од парламентарните мандати, се надоврзува субјективната перцепција на незадоволството на таканаречениот народ кој мисли дека владата односно државата е виновна што возат голфови тројки, а не пежо 5003. И осипувањето на таканаречените национални интереси како адреса на која можат да се испратат поплаките за сите незадоволства.

Атомизирано општество.

Флеките врз Европа.

Врз Унијата посебно.

Социјалните мрежи како кокошарници на вревата, без мелодија, рефрен, диригент, хаос… За нација која сака да преживее власта не е централна тема, а ако, сепак, е, тогаш власта мора да се поддржи.

Не е лесно тоа да се совлада, особено ако се знае дека власта прави милион свињарии, но така е.

Македонија и особено Македонците, немаат за што друго да се фатат.

Кој може да е тој што во вакви околности ќе ја поведе битката.

И за кој ѓавол би ја водел.

Кога јас велам дека се завршени илинденските циклуси на македонското постоење луѓето ме гледаат како радикален глупак, платеник, предавник… Но, тие напади не се во состојба да го негираат фактот дека тие циклуси се завршени.

Сосе АСНОМ.

И сега, наместо да се отвори кампања за новото, нам ни се нудат манифести и резолуции за мртвото.

Коалиција на МПЦ, МАНУ и УКИМ, плус ВМРО.

Замислете ја вие таа лудост.

Никому ништо нема да дадеме!

Па, добро, не давајте.

Ебете се!

Самостојноста како највисок национален приоритет ќе ја утврдиме така што ќе престанеме да постоиме.

Петто: Со приклонување кон резолуцијата ниту ќе се освои некој „патриотски глас“ плус, ниту ќе остане некој што без резолуцијата би заминал. Знам дека нето минусот ќе биде голем.

Тоа е основната идеја на резолуцијата.

Таа е жилет со кој Македонија треба да си ги пресече вените.

Во кадата на вмро.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk