Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за „Еуроњуз“ дадено за време на неговата посета на Тирана. Маричиќ посочува дека има силна политичка волја и расположение кај граѓаните наесен да се одржи пописот и уверува дека државата има модерен закон и методологија кои гарантираат дека пребројувањето на населението ќе биде според сите највисоки статистички стандарди.
Источниот сосед, Република Бугарија, денеска ги има своите нови предвремени парламентарни избори. Во временска рамка од четири месеци, бугарските избирачи по втор пат ќе имаат можност да се изјаснат за тоа кој сака да ја води нивната влада во периодот кој претстои. Бугарското предизборие отиде до таму, што, македонскиот убавец од град – Охрид, нашиот град под заштита на УНЕСКО, во некои од тамошните спотови се прикажуваше како да е бугарски град и како да е извор на некаква „бугарштина“. А, за да биде иронијата уште поголема, една од флоскулите кои бугарската дипломатија, деноноќно ги користи, за да ја одбрани употребата на нивното вето и рампа на нашиот евроинтегративен пат, е дека наводно Северна Македонија е таа која имала претензии кон делови од територијата на денешна Бугарија.
Зошто е паметно да им кажеме не на црвените линии? Прво, резолуцијата дури и со евентуални промени на текстот, ќе остане параден коњ на смртно болниот македонизам, уште еден круг на патетичната нарација, без шанси кобилата да освои нешто на хиподромот на новото време. Сдсм не смее својот профил на партија со модерно разбирање на темите за државата, нацијата и општеството, односно луѓето, да го компромитира со враќање во орото на фолклорните патриоти со политичка агенда односно на политичарите со фолклорна агенда… Пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.
Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари денеска ќе биде одбележана 26-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. Во Поточари денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште 19 идентификувани жртви во Сребреница.
Проследете го во живо долго очекуваниот тест лет до вселената на компанијата „Вирџин Галактик“
М. Миткоска
			




