Како дел од шестиот пакет мерки за надминување на последиците од ковид-кризата, распределени се 35,3 милиони денари, објави премиерот Заев.
„2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи, на кои ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари;
15.443.661 денари за 33 економски оператори врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании – оператори од индустријата за организација на настани;
11.924.820 денари финансиска поддршка на регистрирани фотографски студија и фитнес центри, односно на сите 184 правни лица од овие дејности кои аплицираа на јавниот повик.
5.442.232 денари финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за вкупно 73 правни лица“, се наведува во фејсбук објавата од Премиерот Заев