„Како градоначалник и човек, чест ми е и горд сум што тука се потпиша Преспанскиот договор, а преку него нашата држава стана активен учесник во градењето на мирот и стабилноста, како во регионот, така и во ЕУ“ кажа Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен, на трибината „Најдоброто за нашата општина“.
„Тој договор ни го донесе влезот во НАТО и не направи стабилна, сигурна и просперитетна земја, која не стравува за својата безбедност“ рече Гошаревски и додаде дека продлабочувањто на соработката со Грција ќе продолжи преку отворање на граничниот премин Маркова Нога.
Како што кажа тој, со отворањето на овој премин, жителите на Северна Македонија и Грција ќе отворат потенцијал за подобар просперитат и зголемена културна и економска соработка.
„Сега се движиме по правиот пат, патот кој што носи успех, просперитет и напредок. Преспа стана синомим за цивилизациска вредност, дијалог и почитување на културните разлики и вредности“ кажа Гошаревски.
Тој додаде дека визијата на СДСМ е во Преспа да се обезбедат услови за младите да останат да живеат и работат тука.
Д. Е.
			




