Американската компанија „Блу ориџин“ на милијардерот Џеф Безос, доби дозвола од Федералната управа за авијација на САД, за пробен лет со луѓе во Вселената.
Уште кога имав пет години, сонував да патувам во вселената. На 20 јули, ќе го започнам тоа патување со мојот брат. Најголемата авантура, со мојот најдобар пријател, напиша милјардерот Безос на неговиот профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
Основачот на „Амазон“, Безос има намера да полета во Земјината Орбита на 20 јули со леталото „Њу Шепард“. Лиценцата на Безос му важи до август.
Летот на „Блу ориџин“ би требало да се случи 10-на дена по успешниот пробен лет викендов на неговиот британски соперник Ричард Бренсон и компанијата „Вирџин галактик“.
Во оваа „трка“ за комерцијални приватни летови во Орбитата е уште и „Спејс-Икс“ на Илон Маск. Се очекува нивниот пробен лет да се случи в септември.
Ј. Ѓ.