Според авторите на учебникот по Социологија за втора година гимназија, жената ако е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа ќе нема можност да направи кривично дело. Проблематично е-
1) Зошто да биде жената затворена во домот? Затоа што е подредена под мажот, па тоа се подразбира?!
2) Ако е затворена (деструкција на квадрат) нема да прави кривични дела? На пример може да поттикне некого со зборови да направи крвично дело, баш затоа што е изолирана. Или, едноставно од насобран гнев да направи тешко злосторство, пишува на својот Фејсбук профил Ана Глигорова, гранѓанска активистка.
Мамицата во чипка ваша, учите деца. Вие сте пример за креатори на заблуда, измама, дискриминација и низа други кривични дела со вакви објаснувања, и треба соодветно да бидете санкционирани, а овој учебник забранет. МОН се читаме ли? – прашува Глигорова.
Понатаму, додава Глигорова, во учебникот по Социологија за втора година пишува дека, прељубата била кривично дело, а професори автори? Срамота невидена, не за прељубниците, за вас! (Учебник по Социологија за втора година гимназија).
Инаку, овој учебник е во употреба од 2002 година, а негови автори се Нелко Стојаноски, Милева Ѓуроска и Зоран Матевски, сите тројца универзитетски професори.