На терасата на Музејот на современа уметност, денеска, премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе се обратат на промоција на дигиталната апликација –аудио читач, симболично наречен „Кико“, наменет за слепи лица и лица со оштетен вид.
Аудио читачот, креиран за прв пат на македонски јазик, на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите Нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи лица, ќе им овозможи на слепите лица поголема независност во сите сфери од секојдневниот живот.
На настанот ќе првиот вицепремиер Артан Груби, постојаната претставничка на УНДП во земјата Нарине Сахакјан и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица, Жарко Селковски.







