ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Извештај на ОН: Добро се управуваше со здравјето на луѓето во текот на целата 2020 година

July 15, 2021 20:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2020 година, Северна Македонија го подготви својот прв Доброволен национален преглед (ДНП) што служи како основа за напредокот кон Целите за оддржлив развој (ЦОР), со забележани значајни достигнувања во категориите Луѓе и Благосостојба.

Земјата оствари еден од долгогодишните стратешки приоритети – членство во Северно-атлантската организација (НАТО). Поради неможноста да се започнат преговорите за пристапување во Европската унија (ЕУ), предвремени парламентарни избори беа закажани за април 2020 год, а техничката Влада беше формирана во јануари 2020 год, се вели во извештајот на Обединетите нации за остварените резултати на Република Севрна Македонија во 2020 година. Во извештајот се вели дека кога во март се случи епидемијата со КОВИД-19, во земјата имаше техничка Влада и распуштено Собрание, што значително го усложни одговорот кон КОВИД-19 бидејќи Владата имаше ограничени овластувања и мандат да донесе итни и сложени анти-кризни мерки. За да се надмине тоа, Претседателот прогласи и двапати ја продолжи вонредната состојба, со што и и овозможи на техничката Влада решително да одговори на пандемијата. Поради тековната криза, изборите беа одложени за месец јули и резултираа со тесен реизбор на истата коалиционата Влада.

-Влијанието од кризата со КОВИД-19 ги поткопа придобивките за одржливиот развој во последната деценија. Влијанието врз здравјето беше релативно умерено и со него добро се управуваше во текот на скоро целата година, иако здравствениот систем се соочи со голем број предизвици, главно поради ограничените ресурси, опрема и материјал. Од психо-социјален аспект, нарушеното образование на сите нивоа ги загрози резултатите од учењето за многу генерации, додека само-изолацијата, финансиската несигурност, стравот и вознемиреноста придонесоа за психосоцијални нарушувања и го зголемија родовото и семејното насилство до 45%, при што децата беа 10% од жртвите, се вели во извештајот.

Според извештајот на ОН, непосредното економско влијание на КОВИД-19 беше предизвикано од одложените и прекинати синџири на снабдување, што најмногу влијаеше на извозно- ориентираната индустрија којашто е многу зависна од пазарот на ЕУ. Несигурноста за храна и медицински материјал за среќа траеше кратко време како резултат на брзото воспоставување на зелени ленти помеѓу членките на Договорот за слободна трговија на централна Европа (ЦЕФТА) и земјите од ЕУ. -Забраната за социјални активности влијаеше главно на микро и малите компании во угостителскиот сектор и културата, а забраната за патување влијаеше на секторите туризам и транспорт и на сезонските работници. Ситуацијата дополнително се влоши во текот на второто тромесечје од годината кога се почувствува најсилното влијание врз економијата, а влијанието врз здравјето беше најизразено во последното тромесечје, се вели во извештајот.

Д. Е.

Next Post

Извештај на ОН: Преземени се чекори за целисходен одговор на загадувањето на воздухот

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу граѓани да излезат и да гласаат

October 29, 2025

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk