ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Дескоска: Прочистувањето на корупцијата е најзначајниот процес во државата

Зголемен пристапот до информации, рокот за добивање одговор значително скратен.

December 16, 2019 12:50
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Прочистувањето на корупцијата е најзначајниот процес во државата, порача министерката за правда Рената Дескоска во денешното обраќање на Осмата сесија на Конференцијата на државите потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC), пренесе МИА.

-Корупцијата претставува закана за демократијата и владеењето на правото. Општествата со силни, независни и непристрасни механизми за борба против корупцијата се општества со значително подобар квалитет на живот. Прочистувањето на корупцијата во општеството е мошне предизвикувачки процес, но тоа е најзначајниот процес во една држава кој води кон подобро образование, здравство, административни услуги, подобар и поеднаков пристап до правда за нашите граѓани, истакна Дескоска.

Во своето обраќање ги наведе постигнувањата на Министерството за правда во насока на зајакнување на антикорупциската рамка и имплементација на препораките на Конвенцијата на ООН против корупција (UNCAC), а како најзначајно постигнување го наведе донесувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

-Како резултат на дискусиите и експертските препораки добиени во рамки на спроведувањето на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, воведена е целосно транспарентна постапка за избор и именување на претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, во која учествуваат и граѓанскиот сектор, новинарите и медиумите, а утврдени се зајакнати услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за претседател и член на оваа Државна комисија, потенцираше Дескоска.

 

Со новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер од мај 2019 година, додаде, се зголемува пристапот до информации, а рокот за добивање одговор е значително скратен.

Како придобивка Дескоска ја наведе и зголемената транспарентност во трошењето на јавните средства, особено преку објава на интернет порталот „Отворени финансии“ со кој јавноста има увид во податоците за реализација на буџетските трансакции.

Министерката истакна дека добрите пракси и предизвици идентификувани од тековниот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата ќе ги користиме за аргументирање и предлагање на подобри решенија за превенција и борба против корупцијата, но истите и ќе ни послужат како референца за поддршка во активностите за обезбедување техничка помош. Дескоска се заблагодари за експертската поддршка која ја обезбедува Канцеларијата на Обединетите Нации против наркотици и криминал (UNODC) и граѓанскиот сектор во унапредување на имплементацијата на одредбите на Конвенцијата.

Конференцијата на државите потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата се одржува на секои две години, а целта на одржувањето е проверка на напредокот на државите потписнички на конвенцијата. Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC) е дел од македонскиот правен поредок, а нејзината имплементација е предмет на ревизија.

Next Post

Што велат светските умови за левичарскиот фашизам?

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk