Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интензивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани со сексуалното образование, како оваа, се целосно лажни и апелираме граѓаните да не наседнуват.
Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена во Обединетите нации, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц. Нимиц во интервју за Канал 5, прашан за односите Софија-Скопје, и за тоа дека идентитетот и јазикот не беа дел од Преспанскиот договор, но на маса е ставен од Бугарија.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Прифатени се осум амандамни на ребалансот на Буџетот, од вкупно 222 колку што беа поднесени. Меѓу прифатените амандмани има и неколку поднесени од опозицијата.
Првиот 3Д печатен челичен мост во светот се отвора за јавноста денес: структура за пешаци лоцирана во центарот на градот Амстердам. Мостот е резултат на мултидисциплинарен тим експерти што соработуваат за идниот дизајн на јавните простори.