ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ревакцинирани над 272 илјади граѓани, утре почнува имунизирањето на пријавените деца

July 18, 2021 09:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Од утре ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17  години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk.  Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца. Единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување.

Со теренската вакцинација која почна минатата седмица во населени места и во рурални средини, регионалните вакцинални пунктови – спортските сали во неколку градови, се во функција за ревакцинирање и почнуваат да се затвораат.

Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453 773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се  272 129.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Во државата вкупно се аплицирани 725 902 дози вакцини. Граѓаните се вакцинираат без закажан термин, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, информираше Министерството.

Барем една доза вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години,  55 отсто  од повозрасните од 65 години, 51 отсто од населението над 60 години и 41 отсто од тие што се на возраст над  50 години.

Министерот за здравство Венко Филипче повторно апелираше граѓаните да се вакцинираат што помасовно за да се надмине епидемијата со вирусот, напомнувајќи дека во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања за невакцинираните граѓани, така што за влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување вакцинален сертификат.

– Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо. Вакцините се безбедни и ефикасни. Само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид-пандемија, напиша Филипче на Фејсбук.

Во статистиката за последното деноноќие беа евидентирани уште 19 нови случаи кај кои е потврден КОВИД-19 од направени 3667 тестирања. Осуммина од нив се од Скопје, пет од Тетово, двајца од Куманово и по еден нов случај имаат Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар. Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица  од Скопје) и нема починати пациенти.

Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна  155 901 од вкупно  927 182 тестирања. Оздравени се 150 168 пациенти, починати 5487.
Активни на вирусот во земјава има 246 случаи, најмногу (88) се во Скопје, а по него следува Тетово со 78. Двоцифрени активни случаи имаат уште четири  општини – Гостивар (14) и Куманово, Охрид и Кичево по 13.
извор: МИА
Next Post

Променливо облачно, а од пладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk