Во државава од денеска ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17 години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, а според последните податоци од Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца. Паралелно продолжува и имунизацијата на возрасното население.
Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес.
Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска. Првоодделенците ќе учат од интересен и шаренолик учебник полн со експерименти.
Нови дезинформации во однос на воведувањето на сексуално образование во образовниот процес денеска се проширија на Фејсбук и станаа вирални, односно веќе достигнаа до огромен број луѓе. Постот со илустрацијата како двајца водат љубов првично е објавен на нејзиниот личен профил на Фејсбук, а потоа и споделен во групата на иницијативата во која членуваат речиси осумдесет илјади родители. Во моментот на пишување на текстот, постот броеше околу 400 допаѓања и над 100 коментари во кои се искажува одвратност кон илустрацијата, како и навреди и невкусни зборови.
Шахпаска во утринската програма на Македонската телевизија, рече дека со јавниот повик кое МТСП го објави минатата година, во 24 општини низ државава се реализираат 19 проекти. Од нив 16 проекти се врз основа на претходно мапирање на потребите во локалната средина во секоја општина. Проектите се наменети за помош и нега за стари лица во домот, и на лица во дневните центри. Проектот во општините Липково и Делчево е за поддршка и рехабилитација на деца со попреченост. Станува збор за три различни проекти за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина.
М. Миткоска







