МП Маричиќ ќе ги каже деталите затоа што меѓу СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, АА-ААА има договор сега со малите партии за отворени листи. Не е тоа официјализирано затоа што треба да биде официјално кога најголемите баратели а тоа беа малите политички партии ќе бидат океј задоволни со ваквото унапредување на демократските модели.
Се работи за отворени листи каде што ќе се гласа.
Имате една преференца притоа предлогот е да има најмалку праг од 3% значи кога би биле 16.000 избирачи 3% е некаде околу 500 на пример избирачи, тогаш таа преференца ќе го качува кандидатот од подолу кон погоре на листата а останатиот дел би останал на листата за да може преференцата да биде видлива.
Малите политички партии имаат резерва, викаат да видиме тоа дали е правично, сепак се помали им се дисперзирани гласовите не се на една општина или територија генерално. Треба да се види дека прво правиме исчекор демократски јас го поздравувам, го поздравувам тоа што ВМРО – ДПМНЕ го прифати , а мислам дека ќе ја унапреди демократијата.
Д. Е.