Кумановскиот театар после години и години проблеми конечно ќе добие своја реконструкција. Театарот кој седумтесет години го краси градот, ги немаше потребните услови како за актерите така и за публиката. Но, тоа веќе станува минато.
Потпишан е договорот за реконструкција и адаптација на прва фаза за Театар Куманово.Од утре започнуваме. – напиша на својот фејсбук профил директорот Сашо Тодоровски
Реконструкцијата за театар Куманово значи почеток на нов живот и мотивација за сите вработени да создаваат уште поквалитетни и подобри претстави.
Од утре започнува првата фаза и чини 10 милиони денари, а втората фаза треба да продолжи наредната година, по одобрување на дополнителни средства од Министерство за Култура.