ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Северна Македонија веќе не е атрактивна земја за нелегално преминување на мигранти, пронајдено лице што 17 години се криело од лицето на правдата

July 20, 2021 12:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стратешкиот план на министерството за внатрешни работи е намалување на криминалитетот, а состојбата во Република Северна Македонија можеме генерално да ја оцениме со мирна и стабилна без тенденција да се влошува, рече во гостувањето на МТВ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот  се намалил за 10,8 проценти. Според нашите анализи стапката на криминал на 100 илјади жители сега е 569 дела, а лани  во иститот  период 630 дела на 100 илјади жители, а тоа покажува зголемена проактивиност на полицијата, појасни Спасовски.

Тој рече дека исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со  дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и и потрагите по потерници.

-Има навистина добри резултати на полицијата, во овој период се сузбија две криминални групи со 16 члена и 8 меѓународни транспорти на дрога,од  јануари до  јули откриени се 77 кривични дела со 84 сторители во однос на поседувањето и трговија со нелегално оружје, рече тој.

Според Спасовски во делот на илегалните мигранти откриена е  13- члена организирана група која во подолг временски период илегално пренесувале мигранти од Блискиот исток преку Грција во Македонија.

-Ваквите акции, кои постојано траат го јакнат кредибилитетот на државата затоа што низ западно банканската рута нашата земја е веќе обележана како земја каде тешко се поминува, значи веќе не е атрактивна за нелегално преминување.  Од 2015 година спроведуваме полициска акција на јужната граница каде се работи организирано со земји од ЕУ со колеги од различни земји и тоа дава резултати, рече Спасовски.

Тој особено ја истакна оперативната група на МВР која ја спроведува стратешката целда се пронајдат  и изведат пред правда сите лица кои се бараат по централни и меѓународни потерници.

-Во изминатиот период 251 лице лишено од слобода, а досега од септември 2020 година 479 лица се уапсени барани по централни и меѓународни потерници,  од кои 50 тина лица се топ приоритет на МВР и на државата или се бараат повеќе години.Пред 10 тина дена имаше апсење на лице кое се криело 17 години, заслужува и внимание и признание оперативната група, рече Спасовски.

Д. Е.

Next Post

Почна изградбата на кружните сообраќајни решенија кај Момин Поток

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk