ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Никогаш Северна, само плата и бенефиции!

July 21, 2021 08:30
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Разбирам, ја градат својата политичка платформа на „вечна“ конфронтација. И кога се на власт и кога се во опозиција, најмал проблем им е да „најдат“ непријатели, а ако ги нема, да си ги создадат.

Тоа е една бескрајна, мачна и мрачна приказна, без многу логика. Една тотална бесмислица за разни херојства и предавства, жртви, митови и легенди од некоја паланечка крчма во која ништо не се променило во последните 200, можеби и повеќе години.

Лажен патриотизам, силно закиселен со лажен морал и патријархалност со кои се оправдуваат насилството врз жените, децата и поинаквите. Нетрпеливост и омраза како високо дигнат штит за одбрана од знаењето и логиката. И за кукавичко бегство од одговорноста за тешките криминали.

Разумните луѓе не се помалку погодени од промената на името на државата. Но јасно ги гледаат и придобивките. За разлика од партиските поклоници на криминалците во политиката. Сепак, со малку напор, можам да прифатам дека некои луѓе, едноставно, немаат моќ да разберат што, всушност, (не) изгубивме, а што сѐ добивме со Преспанскиот договор. Нивните партиски шефови добро знаат кои се придобивките, но токму тоа и неизмерно ги озлобува.

Никогаш не можеле да замислат дека македонската држава ќе опстане, дека ќе стане позната по добри и храбри одлуки. Додека македонската држава се ослободува, се развива и зацврстува, додека добива огромни признанија на меѓународната сцена, тие седат во длабоката сенка на сопствената неспособност и деструктивност. Е па, како да не се лутат!

Изгубивме неизвесност, а добивме државност. Добивме тапија, извод од светскиот катастар на нации! Токму тоа не сакаат да се види, тоа им пречи!

Не ме чуди што излажаните и задоените со националистичка омраза не можат да видат дека зад нас засекогаш ги оставивме ФИРОМ, неизвесноста и непризнавањето на јазикот и идентитетот на Македонците. Кажано им е дека вака не е добро, дека се предадени и понижени. Веруваат во лаги со затворени очи, наместо да ги отворат очите и самите да се уверат во тоа што навистина се случува. Чекорат на стаклени нозе низ животот, со очи ширум затворени.

Порано немаше црвени линии, сега ги има. Тоа знам дека не го разбираат. Не разбираат дека црвени линии не може да се постават таму каде што нема ниту основа за разговор. Во случајов, каде што порано никој и не помислуваше на признавање на една земја, несигурна и изолирана, вечно заглавена со привременото име ФИРОМ, со јазик и идентитет незапишани во катастарот на Обединетите нации.

Сега, кога светот знае за македонскиот јазик и за Македонците, ги препознава и признава, може да се постават црвени линии и да се брани тоа што се има. Кога немаш ништо, немаш ни што да браниш, нели? Комплицирано ли е ова?

Знам, имаат проблем да сфатат и тоа дека со Северна Македонија веќе не сме „бивши“ и „југословенски“ (непостоечки).

Извесно е дека еден дел од партиските солдати во повисоките ешалони и куририте добро знаат сѐ, но избираат целосно да му се предадат на безумниот, радикален национализам (испразнет од содржина и логика). Душа нивна, толку се борат да чепнат од личните придобивки во кои неизмерно уживаат оние на врвот, оние чии животи поминаа во манипулации и богатење врз грбот на своите сиромашни следбеници.

Е, па курири, не може секој да си дозволи гаќички од 500 евра, од непријавен данок… Работете повеќе и подобро. Что вы там делаете?

Сѐ е јасно. И на шефовите им е јасно. Јасно им е и на еден дел од завитканите во знамиња или зачмаени во трол фабриките за 9.000 денари од каде што сеат омраза и лаги.

Ги сфаќам донекаде, понекогаш и во целост. Се обидувам некогаш да најдам разбирање дури и за политичкото профитерство со радикален национализам (играње со оган и човечки животи), само за да се опстане и остари на политичката сцена. Толку можат луѓето.

Но! Едно дефинитивно не можам да прифатам! Да сеат омраза против секој што ја прифаќа реалноста на државата која сега се нарекува Северна Македонија, а воедно да примаат плата, дневници и хонорари од институциите на таа истата – Северна Македонија – е, тоа не можам да го прифатам. Да користат бенефиции, да бараат државна помош за реновирање сопствена семејна куќа, за издаваштво, за продажба на ќебапи, за академски, уметнички, квазиуметнички и турбофолк проекти, а да сеат омраза и да повикуваат на насилство против истата таа држава и против своите сограѓанки и сограѓани… Тоа, не!

Кога ќе видам дека ги одбиваат сите пари од буџетот на Северна Македонија, можеби и ќе ги сфатам малку посериозно. Дури и ќе го поздравам тој гест. Вака… Можам само да кажам: Катастрофа се луѓево, стварно! Многу се расипани.

 

ПС. Насловот е инспириран од коментар од мој драг колега на мојата ФБ објава на истата тема.

 


Текстот е личен став на Авторот.
Creative Commons 4.0

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk